Моргана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
{{викификација}}
{{внимание}}
[[File:Sandys, Frederick - Morgan le Fay.JPG|thumb|''Морган ле Феј'' од [[Антони Фредерик Сандис]] (1864 год.)]]
'''Морган ле Феј''', позната и како '''Морган ле Фаје''', Морган, '''Морген''', '''Моргана''' и други имиња, е моќна [[маѓепсничка]] во [[легендата за Артур]]. Првите дела во кои се појавува Морган не кажуваат многу за неа, само ја прикажуваат во улога на [[вила]] или маѓепсничка. Таа се истакнала многу повеќе во подоцнежните циклични прозни дела како што се [[Ланселот-Грал]] и [[пост-вулгатата]], во коишто таа станува непријател на [[кралот Артур]] и кралицата Гвиневир.<br />
 
Ред 13 ⟶ 14:
{{Quotation|Поради тоа што нејзиното име и понекогаш нејзините карактеристики се слични со оние на многуте жени со натприродни моќи во велшката и ирската традиција, многумина мислат дека Морган е остаток на паганската [[келтска]] божица или дух. Келтското сродство на Морган ги вклучува божиците на војната (ирската Мориган и Мача) како и водниот народ (ирската Мирген, велшката [[Модрон]] и бретонската [[Морганес]]) – иако ниту еден од овие ликови не може со сигурност да се смета како нејзин предок. Околу 1216 год. Џералд од Велс напишал дека во ''„fabulosi Britones“'' (приказни на [[Бритонците]]) измислена божица наречена Морганис го однела [[Артур]] до Авалон за да го излечи. Ова е една од малкуте наши документирани врски меѓу келтската усна традиција и ликот што ќе се појави во романса како Морган ле Феј.|''Карл Линдал, средновековен фолклор: енциклопедија на митови, легенди, приказни, верувања и обичаи''|}}
 
==Во средновековната литература==
[[File:Frank William Warwick Topham Voyage of King Arthur and Morgan Le Fay to the Isle of Avalon 1888.jpg|thumb|left|''Патувањето на кралот Артур и Морган ле Феј до Осторовот Авалон'' од Френк Вилијам Варвик Тофам (1888 год.)]]
Името на Морган најпрво се појавува во делото ''[[Животот на Мерлин од Џефри Монмаут]]'', напишано околу 1150 год. Наводно, тоа е приказна за последните авантури на волшебникот Мерлин, која вклучува неколку епизоди од најпознатото претходно дело на Џефри, Historia Regum Britanniae. Во Historia Џефри објаснува дека, откако Артур бил сериозно ранет во битката кај Камлан, тој е однесен во Авалон, островот на јаболките, за да биде излечен. Во ''Животот на Мерлин'', тој го опишува овој остров подетално и ја именува „Морген“ како водачка на деветте сестри-маѓепснички коишто живеат таму. Морган ја задржува оваа улога на „лекувателка од друг свет“ на Артур во многу наредни литератури.
Пред циклусот старо-француски романси, Морган ретко се појавува. Кретјен де Трој ја спомнува во својата прва романса ''[[Ерек и Енида]]'', завршена околу 1170 год.; тој кажува дека еден гостин на свадбата на измислените ликови, одреден Гиломар, господар на островот Авалон, бил пријател на Морган. Таа подоцна се спомнува во истата поема кога Артур наоѓа лековит балсам за ранетиот Ерек, направен од неговата сестра Морган; оваа епизода истовремено ги потврдува и нејзината улога за лечење и првпат ја спомнува Морган како сестра на Артур. Кретјен повторно ја спомнува Морган како значајна исцелителка во неговата наредна романса Ивен, витезот од Лион, во една епизода во која две дами му помагаат на еден полуден херој да оздрави со помош на напиток добиен од Морган. Сепак, додека Модрон е мајка на Овен во велшката литература, а Морган ја има оваа улога во подоцнежната француска литература, ова прво континентално поврзување меѓу Ивен и Морган не укажува дека тие се син и мајка.
Приказната за Артур, ''[[Џерент, синот на Ербин]]'', основана врз Ерек и Енида од Трој, го спомнува „главниот лекар“ на кралот Артур, [[Морган Туд]]; се смета дека овој лик, иако веројатно е машко во делото Џерент, можеби доаѓа од Морган ле Феј (иако ова било тема на дискусија меѓу научниците на Артур од 19-тиот век. Името Туд може да биде велшко или бретонско или да е позајмено од старо-ирското ''tuath'', „северно, напуштено, лошо, злобно“, исто така и „вила, џуџе“).
[[File:Morgan spencer stanhope.jpg|thumb|upright|''Морган ле Феј'' од [[Џон Р. Спенсер Стенхоупѓѓ (1880 год.)]]
 
Улогата на Морган е многу попроширена во Ланселот-Грал (Кругот на Вулгата) од 13-тиот век и во наредните дела инспирирани од неа. Најмлада од сите ќерки на Горлоис и Игрејн, таа е испратена во манастир кога Утер Пендрагон го убива нејзиниот татко и се жени со нејзината мајка. Таму таа почнува да учи магија, но е прекината кога Утер ја мажи со неговиот сојузник Уриен. Несреќна со својот сопруг, таа има многу љубовници сé додека младата Гвиневир не ја открие и ја исфрла од дворецот чувствувајќи одвратност кон неа. Могран го продолжува учењето на магиите со помошта на Мерлин, истовремено планирајќи одмазда на Гвиневир. Во наредните поглавја таа ги користи своите моќи за да ги надмудри витезите на Артур, особено Ланселот, кого се обидува да го заведе (вклучувајќи го неговото затварање сам со нејзините пријателки маѓепснички, кралицата Седил и кралицата на Сорестан, кои и двете го сакаат за љубовник) и да го прогласи како љубовник на Гвиневир. Во Прозата Тристан, таа испраќа во дворецот на Артур магичен рог за пиење од којшто дама која не е неверна ќе пие без да се истури, надевајќи се да го разоткрие неверството.
Томас Малори најчесто го следи портретот на Морган во Вулгата и Круговите на Пост-вулгата во неговата книга Смртта на Артур, иако ја проширува нејзината улога во некои случаи. Преку магија и смртни средства, таа се обидува да го организира падот на Артур, најславен е случајот кога таа се погрижува нејзиниот љубовник Аколон да го добие мечот Екскалибур и да го употреби против Артур во борба еден на еден. Не успевајќи во ова, Морган го фрла оружјето на Екскалибур во езеро.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана