8.155
уредувања
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
{{без извори}}
{{Taxobox
| name =Акутна бубрежна инсуфициенција (АБИ)
| image =
| image_caption =Бубрег
| species ='''Бубрежно заболување'''
}}
'''Акутната бубрежна инсуфициенција''', или скратено АБИ, е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта. Кога бубрезите ја губат филтрирачката способност, во телото се акумулираат опасни нивоа на течности, електролити и отпадни материјали. Акутната бубрежна инсуфициенција се развива брзо, во текот на неколку часа или неколку дена. Таа се јавува често кај луѓе кои веќе се хоспитализирани, особено кај критично болните луѓе кои имаат потреба од интензивна нега. Акутната бубрежна инсуфициенција може да биде фатална и бара интензивен третман. Но, таа може да биде реверзибилна состојба. Ако пациентот е во добра здравствена состојба, тогаш големи се шансите ако благовремено се реагира, да се поврати нормалната бубрежна функција.
==Причини==
Акутната бубрежна инсуфициенција се случува кога бубрезите одеднаш стануваат неспособни да ги филтрираат отпадните материи од крвта. АБИ се јавува кога некоја состојба ги оштетува бубрезите, или кога некоја состојба го забавува протокот на крв низ нив. Акутната бубрежна инсуфициенција, исто така, може да се случи кога отпадните материи филтрирани од страна на бубрезите, не се во можност да се исфрлат од телото преку урината.
*'''Трајно оштетување на бубрезите'''. Повремено, АБИ предизвикува трајна загуба на бубрежната функција, или терминален стадиум на бубрежна болест. Луѓето со терминална фаза на бубрежна болест им е потребна дијализа – процес на механичка филтрација на крвта за отстранување на токсините и отпадниот материјал од телото – или трансплантација на бубрези за да преживеат.
*'''Смрт'''. Акутната бубрежна инсуфициенција може да доведе до губење на функцијата на бубрезите, и консеквентно до смрт. Ризикот од смрт е највисок кај пациентите кои имаат бубрежни проблеми пред појавата на АБИ.
{{медицинско предупредување}}
{{никулец}}
[[Категорија:Болести]]
|