Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 108:
Нето екстерната позиција на една земја е определена од минатите случувања и е многу тешко ако не и невозможно моментално да се промени. Постојат бројни примери на земји како што се Индонезија и Нигерија кои неверојатно се збогатија од наоѓањето на нафта, но го потрошија своето богатство и како резултат на тоа станаа и мошне задолжени земји. Понекогаш ненадејната промена на цените може да доведе до промена на екстерната позиција, што се случи со шведската економија. Растот на реалната каматна стапка на надворешниот долг има ист ефект како и зголемување на самиот долг.
 
=== Производство;, ресурси и структура ===
 
[[Граница на производствени можности|Границата на производствени можности]] ја резимира положбата во поглед на производствените ресурси на една земја, производствените капацитети и секторската структура. Овие карактеристики се разликуваат од земја до земја и се менуваат со текот на времето во рамките на една земја. Сепак, општата тенденција е дека колку е поголема продуктивноста во секторот на тргувани стоки, толку е повисок рамнотежниот девизен курс. Размислувањето е следно: земјите со поголема [[продуктивност на трудот]] произведуваат повеќе тргувани стоки на сметка на нетргувани стоки, па така, помала количина од вторите ќе биде достапна за домашна потрошувачка. Но, домашната потрошувачка мора да биде еднаква со домашното производство. За да се потикне економијата да произведува и троши на овој начин, релативната цена на нетргуваните стоки во однос на тргуваните стоки мора да се зголеми, т.е. реалниот девизен курс мора да апрецира, за да се дестимулира потрушувачката на нетргувани стоки.