Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 133:
== Промени на рамнотежниот девизен курс ==
 
Промените во шемите на потрошувачка исто така влијаат врз рамнотежниот реален девизен курс. На пример, како што стануваме побогати, повеќе трошиме на нетргувани стоки. Нетргуваните услуги поврзани со одмор (кино, ресторани и.т.нитн.), образование и медицински услуги можат да добијат растечка важност во нашите буџети[[буџет]]и. Бидејки нетргуваните стоки мораат да бидат произведени во земјата, растечката побарувачка мора да биде придружена со раст на релативните цени за да се поттикне поголемо производство. Сите фактори кои го зголемуваат богатството на резидентните домаќинства - експанзијата на берзата и на пазарот на недвижнини, приливот на дознаки од роднините во странство или странската помош - можат да имаат сличен ефект.
Големината на владата, како голем потрошувач, може, исто така, да влијае врз реалниот девизен курс. Владата троши голем дел од своите буџети на нетргувани стоки и услуги (јавни услуги, патишта и други комунални услуги). Бидејки таквата потрошувачка се финансира од даноците наметнати на луѓето кои инаку би трошеле поголем дел од доходот на тргувани стоки, растот на големината на владата влијае за реалокација на домашната апсорпција кон секторот на нетргувани стоки, што ќе доведе до зголемување на нивната релативна цена, т.е. до растот на реалниот девизен курс.
 
Сите „длабоки“ или структурни промени веројатно ќе влијаат врз тековната сметка, а оттаму и врз рамнотежниот реален девизен курс. Сепак, во практика, нарушувањата што се толку силни за да генерираат значајни промени во рамнотежниот реален девизен курс прилично ретки настани. Токму затоа тезата дека реалниот девизен курс останува приближно ист често е добар општ практичен принцип. Но, тогаш треба секогаш да се биде подготвен за можноста од настанување на некоја голема промена. Аргументот за тоа е процесот на приближување, во рамките на кој сиромашните земји успешно влегуваат во фазата на економски полет. Како што тие акумулираат капитал, увезуваат напредна технологија и стануваат попродуктивни, нивните економии поминуваат низ системска трансформација, а како резултат на тоа се јавува континуирана апрецијација на реалниот девизен курс. Ова е познато како [[Баласа-СемјуелсонвоСемјуелсонoв ефект]] ( Balassa-Samuelson effect).
 
=== Баласа-Семјуелсонов ефект ===