Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 140:
 
Луѓето кои многу патуваат забележуваат дека побогатите земји се систематски поскапи од посиромашните земји. [[БДП дефлаторот]] е пондериран просек од цените на тргуваните и нетргуваните стоки. Ако цените на меѓународно тргуваните стоки приближно се изедначени кога ќе ги изразиме во една заедничка валута, тогаш разликите во просечните ценовни нивоа произлегуваат во цените на нетргуваните стоки - како што се фризерските услуги, хотелското сместување, транспортните услуги, лебот и.т.н. Нетргуваните стоки се поевтини во посиромашните земји. Зошто е тоа така? Многу услуги кои сочинуваат голем дел од нетргуваните стоки, се „луксузни“ стоки: ресторани, правни услуги, услуги за домаќинствата, згрижување на деца, медицински услуги. Во сиромашните земји, побарувачката за услуги е ограничена и како резултат на тоа, нивните цени се ниски.
Втората причина е поврзана со понудата на услуги. Посиромашните земји се карактеризираат со пониско ниво на физички и човечки капитал, од каде произлегува дека продуктивноста во секторот на тргувани стоки е пониска. Следствено на тоа кога продуктивноста во секторот на тргувани стоки е ниска, тогаш граничната продуктивност на трудот е мала и наемнините се пропорционално ниски.(Во друг случај овој сектор не би бил конкурентен на светските пазари!) Наемнините би биле исто така ниски и во секторот на нетргувани стоки бидејки мобилноста на работниците, обичаите (барање за правичност) и активноста на синдикатот обично спречуваат наемнините во голема мера да се разликуваат помеѓу различните сектори. Поради пониските наемнини, цените во секторот на нетргувани стоки ќе бидат пониски во посиромашните земји.<ref>М. Бурда, Ч. Виплош:, ''Макроекономија: - Европски текст-'' (превод на 4то4-то издание), Академски печат, Скопје, 2009 година.</ref>
 
== Наводи ==