Совет на Европската Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
Советот е главното тело што донесува одлуки во [[ЕУ]]. Како и [[Европски Парламент|Европскиот парламент]], Советот e формиран со основачките договори во 1950-тите. Тој ги претставува земјите-членки и на неговите состаноци присуствува по еден министер од секоја од владите на одделните земји на ЕУ. Кој министер ќе присуствува на даден состанок, зависи од темите кои се наоѓаат на дневниот ред.<ref name="Const Info">{{цитирана веб страница|last=|first=|authorlink=|coauthors=|title=The Union's institutions: The Council of Ministers|work=|publisher=[[Europa (web portal)]]|date=|url=http://europa.eu/scadplus/constitution/council_en.htm|doi=|accessdate=2007-07-01}}</ref> Ако, на пример, Советот треба да дискутира на теми од областа на [[животна средина|животната средина]], на состанокот ќе присуствуваат министрите за животна средина од сите земји-членки на ЕУ и состанокот ќе биде познат под името “''Совет за животната средина''”. Со односите на ЕУ со останатиот дел од светот раководи “''Советот за општи работи и надворешни односи''”. Меѓутоа, составот на овој Совет има, исто така, прилично голема одговорност во однос на некои поопшти политички прашања, така што на неговите состаноци присуствуваат разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади.
 
== -Надлежности на советот ==-
 
* Да усвојува европски закони. Тој работи заедно со [[Европски парламент|Европскиот парламент]] на законската регулатива во голем број области.