Ристе Темјановски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Проф. д-р Ристе Темјановски''' е продекан<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/eco/za-eco Официја...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
'''Проф. д-р Ристе Темјановски''' е продекан<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/eco/za-eco Официјална Веб страница на Економски факултет - „За факултетот“]</ref> на [[Економски факултет Штип|Економскиот факултет]] при [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]] во [[Штип]]. Роден e на 31 јануари [[1966]] год. во с.Ново Село (Општина Ново Село, Струмичко). Основното образование и првите две години гимназија ги завршил во [[Струмица]], а средното образование го продложува и завршува во [[Скопје]] во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин”. Високо образование завршил во [[1990]] година на Природно-математичкиот факултет (Институт за географија) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Магистрирал во [[2000]] година на интердисциплинарните студии на просторно планирање при Природно-математичкиот факултет во [[Скопје]] со одбрана на магистерскиот труд под наслов ''„Патната инфраструктура како генерички ресурс за циркулација на луѓето во Република Македонија"''.
Во [[2005]] година на Економскиот факултет при [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]] ја одбранил докторската дисертација ''„Транспортниот систем во Република Македонија и европските стопански текови"'', со што се стекнал со научно звање доктор на економски науки<ref>[http://scholar.ugd.edu.mk/ristetemjanovski/publications Веб страница на проф. проф. д-р Ристе Темјановски - „Публикации“]</ref>.
 
Од [[1991]] до [[1996]] година работел во Државниот завод за статистика на [[Република Македонија]], во Секторот за демографија, попис на населението и статистички катастар. Професионалниот ангажман го продолжува на ПМФ во [[Скопје]] на Институтот за географија. Партиципира на многубројни семинари, симпозиуми и стручни и научни проекти во земјата и во странство. Во 1998 година учествувал во работниот тим за изработка на секторската студија ''„Развој на туризмот и организација на туристичките простори"'' за Просторниот план на [[Република Македонија]] во [[1998]] година. Во [[2000]] година преку Темпус/Фаре програмата во [[2000]] година има реализирано студиски престој во Кралството [[Данска]] при Данската кралска школа за информатика. Во [[2002]] година учествувал во работниот тим за изработка на Студија за развој на туризмот во Град [[Скопје]]. Од [[2004]] година учествувал и во работниот тим на Лексикографскиот завод при [[МАНУ]] за изработка на Македонската енциклопедија.
Од академската [[2006]]/[[2007]] година работел на Првиот приватен универзитет Европски универзитет - [[РМ]] во звањето доцент за економски науки (Меѓународен транспорт и шпедиција, Применета економија, Меѓународна економија, Е-бизнис). Ја извршува и функцијата продекан на Факултетот за економски науки. Во рамките на активностите во меѓународната соработка активно учествува и во проектот за меѓународно акредитирање на Универзитетот: IACBE (The International Assembly for Collegiate Business Education) - меѓународно академско тело за додипломски и постдипломски студии за најдобрите практики на високото образование во група над 400 универзитети<ref>[http://scholar.ugd.edu.mk/ristetemjanovski/biocv/cv Биографски податоци за проф. д-р Ристе Темјановски]</ref>.