Разлика помеѓу преработките на „Синоним (таксономија)“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Во [[зоологија|зоолошката]] номенклатура, која се води според Меѓународниот правилник за зоолошка номенклатура <ref>[[англ.]] ''[[:en:International Code of Zoological Nomenclature|International Code of Zoological Nomenclature]]''</ref>, синонимите се различни научни називи од ист ранг што се однесуваат ан истиот таксон (на пр. две имиња за еден ист вид). Најстарото име се нарекува '''постар синоним''', а подоцнежното е '''помлад синоним'''. Најстариот исправно објавен назив има предност кога нема други ограничувања. Синонимот игра важна улога бидејќи се случува стариот назив да не може да се користи (да речеме, тие зборови се претходно дадени на друг таксон), па затоа се користи следниот достапен помлад синоним.
 
Еден помлад синоним може да има предност над постариот<ref>''ICZN'', Член 23.9</ref> доколку постариот престанал да се употребува пред [[1899]] г., а новиот е во честа употреба денес.
 
'''Објективни синоними''' се таксони од ист тип и ранг (помалку или повеќе). Ова може да бидат таксони од видова група од ист ранг со ист [[типски вид]], од родова група со ист типски вид или пак кога самите нивни типски видови се објективни синоними, на таксони од фамилијарна грипа со ист типски род и тн.<ref>''ICZN'', Член 61.3</ref>