Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{викифицирање}}
'''Девизен курс''' претставува непосреден сооднос меѓу вредноста на домашната [[валута]] и странските валути. Во поширока смисла се има предвид вредносниот сооднос на домашната валута и валутата на која гласат краткорочните побарувања. Следствено, валутниот курс претставува цена на една единица странска валута изразена во домашни пари. Според тоа, секоја странска валута односно краткорочно побарување кое гласи на странска валута, на домашниот пазар претставува [[девиза]] и има своја цена т.е девизен курс на домашниот пазар.
 
Националните пароични единици ги извршуваат функциите на пари внатре во рамките на сопствените национални економии. Од тоа следува дека [[Македонски денар|македонскиот денар]] служи како национланонационaлно платежно средство за плаќање во границите на Република Македонија, хрватската куна служи за плаќање во рамките на Република Хрватска, швајцарскиот франк е средство за плаќање во Швајцарија итн. Меѓутоа, секоја земја реализира голем број меѓународни економски трансакции со бројни други земји. При увоз на добра и услуги од САД, не е возможно плаќање во валутата на земјата-увозник, туку неопходно е плаќање во валутата на земјата извозник или во случајот за увоз на добра и услуги од САД, се плаќа во долари, т.е националната валута на САД. За извршување на ваквите трансакции се врши размена на валути на [[Девизен пазар|девизниот пазар ]] по цената по која што се разменуваат валутите.<ref>Таки Фити – Основи на економијата, 2010</ref>
 
== Девизен курс ==
Ред 8:
[[Податотека:EurUsd.png|мини|Курс на еврото во однос на доларот од настанокот на еврото]]
 
Девизниот курс претставува цена по која една валута се разменува за друга или искажаната вредност на една валута со цел за конверзија со и во однос на други валути.<ref>http://economics.about.com/cs/</ref> Кај флуктуирачки девизен курс тоа е тековниот пазарно ориентиран однос на една валута во однос на друга, додека фиксниот девизен курс е закотвен за некој објективен стандард - за златото или поверојатно денес за вредноста на некојснекоја странска единица.
 
=== Начин на искажување на девизниот курс ===
Ред 14:
Начинот на искажување на девизниот курс кој покажува колку домашни единици се потребни за да се купи една странска е европски начин. Постои и британски начин на искажување на девизниот курс кој го покажува бројот на странски парични единици за една домашна.
 
Нивото на промените на девизниот курс имааат значајни импликации првенствено во надворешно-трговската размена на земјата, односно врз извозот и увозот. Со оглед на тоа што нето извозот е компонент на [[Агрегатна побарувачка|агрегатната побарувачка]], девизниот курс има свое влијание врз најважните индикатори за економскиот развој на земјата, т.е врз вкупниот аутпут на економијата на земјата (БДП), врз вработеноста, врз [[инфлација|инфлацијата]] итн. Доколку девизниот курс на домашната парична единица е преценет (нереално се одржува на повисоко ниво од тоа што е детерминирано од осносите на понуда и побарувачка на девизниот пазар), тогаш поскапува извозот на стоки и услуги на земјата во странство, но поефтинува увозот на страснкистрански стоки и услуги.
 
=== Фактори кои го детерминираат девизниот курс ===
 
Од досегашната анализа не е тешко да се заклучи дека факторите кои ги условуваат промените во извозот и увозот на добра и услуги понеѓупомеѓу земјите едновремено се и фактори кои детерминираат и промени во понудата и побарувачката на соодветните валути, а со тоа и промени во девизните курсеви.
 
Промени во вкусовите на потрошувачите - напредокот на технологијата во САД осигурува производство на американски компјутери со високи перформанси. Тоа ја зголемува потрушувачкатапотрошувачката на американски компјутери на странските пазари: во Македонија, во Хрватска, во Бугарија итн. Побарувачката на американски долари на пазарите на соодветните земји расте. Доларот апрецира во однос на македонскиот денар, хрватската куна, бугарскиот лев итн.
 
Промени во релативниот доход - побрзиот економски раст во САД, во однос на други земји, на пример во однос на Англија и Македонија, ќе предизвика побрз пораст на доходите на американските граѓани, а со тоа и пораст на нивната [[куповна моќ]]. Американските граѓани ќе купуваат повеќе добра и услуги на домашниот пазар но и на странските пазари - во конкретниот случај од Англија и Македонија. Тоа ќе ја зголеми понудата на долари на соодветните странски пазари и доларот ќе депрецира во однос на нивните валути.
 
Општото ниво на цените (стапката на инфлација) - повисока стапка на инфлација во САД, во однос на Македонија, ќе предизвика пораст на побарувачката на американските граѓани за македонски производи. Понудата на долари на девизниот пазар ќе порасне и вредноста на американскиод долар во однос на македонскиот денар ќе депрецира.
 
Висината на реалната [[каматна стапка]] - ако Федералните резерви на САД ја намалат понудата на пари заради контролирање на инфлацијата, реалната каматна стапка во САД ке порасне во однос, на пример, на Јапонија. Јапонците ќе бидат заинтересирани да купуваат повеќе американски трезорски обврзници, бидејќи овие носат повисоки каматни стапки. Понудата на јапонски јени на девизниот пазар (во замена за американски долари), ќе расте. Вредноста на доларот во однос на јапонскиот јен ќе апрецира.
 
=== Дефиниција на реален девизен курс ===
Ред 34:
Номинален девизен курс е цената на домашната валута во однос на странската. Реалниот девизен курс е номиналниот девизен курс корегиран за цените на домашните и странските стоки.
 
Во [[Економија|економијата]] се користат реалните променливи бидејќи тие претставуваат еден вид сигнали кои ги поттикнуваат потрошувачите и производителите на приспособување на своето днесувањедонесување во донос на променливите пазарни услови. Според тоа при дефинирањето на реалниот девизен курс треба да се направи разлика помеѓу оние стоки и услуги кои се меѓународно тргувани и оние кои се произведени во земјата и кои не се изложени на меѓународна конкуренција и да се реалниот девизен курс да се сумира како однос меѓу цените во земјата и цените во странство изразени во заедничка валута.
 
Ако со симболот S означиме номиналниот девизен курс (на пример долари за евра), а со P* цената на странските стоки изразени во странска валута ( на пример долар), тогаш домашната цена на странските стоки ќе биде P*/S (изразена во евра). Обратно ако со симболот P ја означиме цената на домашните стоки во домашна валута, тогаш нивната цена во странска валута ќе биде S*P ( во овој случај изразена во долари). Реалниот девизен курс, т.е релативната цена на домшаните стоки во однос на странските е однос помеѓу овие две ценовни нивоа:
Ред 40:
:σ = P /P*/S = SP/P*
 
Се додека ги споредуваме цените на стоките во иста валута дефиницијата не се менува. Реалниот девизен курс може да се смета за својно дефациониран номинален девизен курс, односно курс [[Дефлација|дефлациониран]] и со домашните и со странските цени. Како и за номиналниот, и за реалниот девизен курс велиме дека апрецира или депрецира. Се додека цените на домашните и странските стоки остануваат непроменети или се движат во ист размер, номиналните и реалните курсеви истотака се непроменети. Имено, номиналните и реалните девизни курсеви флуктуираат во тандем на краток рок бидејќи на краток рок номиналните девизни курсеви по природа се волатилни, а цените ригидни. Сепак, на долг рок, номиналните и реалните девизни курсеви се движат независно едни од други.
За да се сфати подобро разликата помеѓу номииналните и реалните девизни курсеви се разгледува кога тие се движат заедно, односно кога ценовните нивоа се менуваат за истиот процентен износ, нивниот однос останува константен, што се случува кога [[инфлацијата]] е иста во земјата и во странство. Доколку спротивно на тоа, инфлацијата во странство е побрза отколку во земјата, реалниот девизен курс ќе депрецира, се додека номиналниот девизен курс не апрецира доволно за да го неутрализира падотдомашните во однос на странските цени. Во случај кога номиналниот девизен курс е фиксен, промените на домашните и странските цени можат да настанат само кога домашните и странските цени се зголемуваат по различни стапки. Истотака, возможно е номиналниот девизен курс да апрецира без воопшто да се промени реалниот девизен курс што би се случило доколку инфлацијата е пониска во земјата отколку во странство, т.е номиналниот девизен курс апрецира за разликата на стапката на инфлација помеѓу двете земји. Како општа карактеристика се констатира дека реалните девизни курсеви се постабилни на долг отколку на краток рок.
 
=== Мерење на реалниот девизен курс во практиката ===
 
Мерењето на реалниот девизен курс во практиката наметнува два проблеми. Првиот претставува дефиниција за поимот странство бидејќи остатокот од светот се состои од голем број земји. Домашната земја има билатерален девизен курс со секоја друга земја. За соединување на сите поединечни девизни курсеви потребно е да се пресмета просечно ниво на странски цени како пондериран просек на голем број трговски партнери и просечен номинален девивзендевизен курс како пондериран просек на сите билатерални номиналнидевизни курсеви. Со тоа секоја земја добива пондер кој го претставува нејзиното значење за домашна тадомашната земја. При овој начин на пресметка на ефективен девизен курс се вметнува фактот дека сите девизни курсеви не се подеднакво важни, а резултатот е индекс бидејќи веќе не можеме да го изразиме номиналниот девизен курс во вредносни изрази. Ефективните девизни курсеви се пресметуваат со користење на податоци за размената на со голем број на земји партнери при што секоја земја партнер добива пондер кој обично ја изразува нејзината трговка важност за домашната земја кој се пресметува преку нејзиното учество во извозот или увозот на домашната земја или просекот од двете. Овој пристап може да се примени и за други категории на стоки. Често користена мерка на реалниот девизен курс е односот помеѓу увозните и извозните цени. Тој се разликува од односот на тргуваните и нетргуваните стоки на два начина: најнапред овде се игнорира постоењето на нетргувани стоки , а се прави разлика меѓу оние тргувани стоки кои се произведени во земјата и извезени надвор и тргувани стоки кои се произведени во странство и увезени во земјата. Според овој пристап домашните стоки ќе бидат претставени со извозните, а странските стоки со увозните наместо сите тргувани стоки. Изборот помеќупомеѓу една од двете мерки ќе зависи од карактерситикитекарактеристиките на земјата која се анализира и од прашањата за интерес на анализата.
 
Друг проблем при мерењето е одредување на кои цени треба да се споредат. Реалниот девизен курс е однос помеѓу цените на две потрошувачки кошници на стоки иуслугии услуги кои треба да се споредат. Следствено, бидејќи е возможно да се фоемираат многу кошници не постои еден реален девизен курс кој ќе одговори на сите можни прашања од интерес на сите можни анализи, па според тоа се можни повеќе дефиниции во однос на мерењето на реалниот девизен курс во однос на :
 
Екстерни услови на размена - однос помеѓу домашните извозни цени и странските увозни цени
Интерни услови на размена - однос помеќу цените на нетргуваните стоки и цените на тргуваните стоки .
 
Предноста на првата дефиниција е тоа што може попрецизно да укаже каде се произведени трговските стоки, додека предноста на втората е тоа што ги раздвојува секторите кои се изложени на странска конкуренција (кои произведуваат тргувани стоки) од оние кои се заштитени (и кои произведуваат нетргувани стоки). Реалните девизни курсеви дефинирани во поширока смисла ги споредуваат индексите на потрошувачки цени или БДП дефлаторите . Други индекси се конструирани да ја мерат конкурентноста на земјата на тој налинначин што ќе го стават акцентот на производствените трошоци, пред се на трошоците за работна сила.
 
== Реален девизен курс како релативна цена на нетргувани стоки ==
=== Случај на урамнотежена примарна тековна сметка ===
 
Реалниот девизен курс го детерминира оптималниот производствен микс, но што го детерминира реалниот девизен курс? Одговорот е дека тоа го прави пазарот. [[Технологија|Технологијата]], ресурсите и вкусовите на потрошувачите се среќаваат на пазарот. Технологијата и ресурсите се збирно претставени со границата на производствени можности. Штом ги дознавме вкусовите и буџетските ограничувања на потрошувачите, можеме да го утврдиме оној реален девизен курс кој истовремено обезбедува рамнотежа помеѓу побарувачката и понудата на тргувани и нетргувани стоки. Овој '''рамнотежен реален девизен курс''' е релативен за долгиот рок, кога сите ресурси се искористени и кога сите пазари се во рамнотежа.
 
Слично како и кога ги опишуваме преференциите помеѓу потрошувачката денес и потрошувачката утре (интертемпорален избор), преференциите помеѓу тргувани и нетргувани стоки (интратемпорален избор) можат да се претстават со криви на индиференција кои ќе имаат ист облик. И како и обично, со поместување нагоре, се достигнуваат повисоки нивоа на корисност.
Ред 65:
=== Случај на примарна тековна сметка различна од нула: улога на реалниот девизен курс ===
 
Во реалноста тековната сметка не е секогаш во рамнотежа; всушност, таа речиси и никогаш не е во рамнотежа! Како би требало да размислуваме за дебалансите на примарната сметка? Накратко, суфицитите и дефицитите ја прекинуваат врската помеѓу производството и потрошувачката во секоја точка на времето. Кога земјите реализираат [[дефицит]] или [[суфицит]] на тековната сметка, тие го искористуваат своето меѓувременско буџетско ограничување.
Прво, концептот пазарна рамнотежа нема исто значење за тргуваните и нетргуваните стоки. Тргуваните стоки се произведуваат и трошат како во земјата, така и во странство, при што рамнотежата се воспоставува на светско ниво. Така, можно е да има ситуација во земјата каде што, на пример, потрошувачката го надминува производството. Во тој случај, разликата ке биде покриена со увоз. (Тој ке биде финансиран преку зголемување на странскиот долг или намалување на странските средства во сопственост на земјата). Слично на тоа, извозот го апсорбира вишокот на локалноталокалната потрошувачка. Од друга страна пак, нетргуваните стоки, се произведуваат и трошат само на локално ниво. Пазарот е локален, па така за да се воспостави рамнотежа потребно е производството да биде еднакво со потрошувачката во земјата. Размената нуди слобода, но тоа не значи дека „се може да пројде“:
 
* Буџетското ограничување налага дефицитот на примарната тековна сметка денес да биде еднаков со суфицитот во наредните периоди, и обратно.
* Производството и апсорпцијата на нетргувани стоки мораат да бидат еднакви
* Наклоните на Границата на производствените можности и кривата на индиференцијата в мораат да бидат исти бидејки реалната цена не се разликува помеѓу произведувачите и купувачите во рамките на земјата (тука се разбира, се игнорираат царините и даноците, како што е ДДВ).
 
Промените на [[реалниот девизен курс]] ќе ги принудат и производителите и купувачите да го ревидираат своето однесување на соодветен начин. На пример, реалната апрецијација ќе влијае производителите да ги реализираат ресурсите од секторот на тргувани стоки и да го намалат нивното производство, а потрошувачите ќе ја зголемат потрошувачката на тргувани стоки.
 
Резултатот е влошување на примарната тековна сметка. Оттука произлегуваат два заклучока:
Прво, функцијата на примарната тековна сметка е опаѓачка. Зголемувањето на реалниот девизен курс, при се друго исто, го намалува суфицитот или го зголемува дефицитот на примарната тековна сметка. Девизниот курс влијае врз примарната тековна сметка преку преместување на [[производство|производството]] и потрошувачката[[потрошувачка]]та на тргувани нетргувани стоки во спротивни насоки.
Второ, ако примарната тековна сметка треба да достигне определена вредност -за да се задоволи меѓувременското буџетско ограничување -реалниот девизен курс ќе мора да се промени. На пример, ќе мора да [[депрецира]] доволно за да ги наведе производителите и потрошувачите да го променат своето однесување на начин соодветен да се постигне бараното подобрување на тековната сметка.