Лимфом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Најголемиот број на лимфомите започнуваат во лимфните јазли; околу 20% почнуваат во други органи, како на пример белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт. Кога лимфомите ќе се создадат, малигните лимфоцити се размножуваат неконтролирано и не ги извршуваат своите нормални функции што влијае врз способноста на телото да се бори против [[инфекции]]. НХЛ е многу помалку предвидлив од ХЛ и е поверојатно да се шири во делови надвор од лимфните јазли. Малигните клетки може да ја окупираат коскената срцевина и во зависност од степенот, да го спречат создавањето на нормалните [[црвени крвни клетки]], [[бели крвни клетки]] и [[тромбоцитите]]. Канцерогените клетки исто така, можат да ги нападнат и други органи преку циркулаторниот систем на лимфата, намалувајќи ја функцијата на тие органи.
==Причини==
Точната причина за лимфомите е непозната. Во принцип, мажите се изложени на поголем ризик од жените и ризикот се зголемува со возраста. Лимфомите може да се јават во било која возраст, иако поголемиот дел од овие лимфоми се случуваат кај луѓе на возраст од 15-34 години и над 60-годишна возраст. Во зависност од специфичниот тип, лимфомот може да ги има некои или сите од карактеристики на ракот: брзо размножување на клетките, абнормални клеточни типови, губење на нормалната распределба на клетките и инвазивна способност. Покрај тоа, голем број на лимфоми се значително зголемени во последните години, многу од нив се должат на епидемијата на [[СИДА]] (од причини кои се уште се слабо разбрани, заболените од [[СИДА]] имаат повисока веројатност за развој на не-Хочкин лимфоми). Луѓето изложени на некои [[пестициди]] и на јонизирачко зрачење имаат повисоки од просечните шанси за развој на оваа [[болест]]. На пример, зголемена инциденца на лимфоми е забележана кај преживеаните од [[атомската експлозија]] на бомба во [[Хирошима]] и кај луѓето кои биле подложени на агресивна [[терапија]] со зрачење. Луѓето кои страдаат од имунодефицитарни нарушувања, како и оние кои биле третирани со имуносупресивни лекови при [[трансплантација]] на срцето или бубрезите и состојби како што се ревматоидниот артрит и автоимуните болести, се изложени на зголемен ризик за оваа болест. Некои истражувања покажаа слаба асоцијација помеѓу ретровирусите, како што е HTLV-I и некои ретки форми на лимфом. Epstein-Barr -овиот вирус е поврзан со Буркит-овиот лимфом во африканските земји. Сепак, директна причинско-последична врска не е воспоставена.
 
==Симптоми==
[[Податотека:Limfomi2.jpg|мини|лево|Лимфоми]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лимфом