Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
Ако со симболот S означиме номиналниот девизен курс (на пример долари за евра), а со P* цената на странските стоки изразени во странска валута ( на пример долар), тогаш домашната цена на странските стоки ќе биде P*/S (изразена во евра). Обратно ако со симболот P ја означиме цената на домашните стоки во домашна валута, тогаш нивната цена во странска валута ќе биде S*P ( во овој случај изразена во долари). Реалниот девизен курс, т.е релативната цена на домшаните стоки во однос на странските е однос помеѓу овие две ценовни нивоа:
 
<math>:σ = P /P*/S = SP/P*</math>
 
Се додека ги споредуваме цените на стоките во иста валута дефиницијата не се менува. Реалниот девизен курс може да се смета за својно дефациониран номинален девизен курс, односно курс дефлациониран и со домашните и со странските цени. Како и за номиналниот, и за реалниот девизен курс велиме дека апрецира или депрецира. Се додека цените на домашните и странските стоки остануваат непроменети или се движат во ист размер, номиналните и реалните курсеви истотака се непроменети. Имено, номиналните и реалните девизни курсеви флуктуираат во тандем на краток рок бидејќи на краток рок номиналните девизни курсеви по природа се волатилни, а цените ригидни. Сепак, на долг рок, номиналните и реалните девизни курсеви се движат независно едни од други.