Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Девизен курс''' ({{lang-en|Exchange rate}})претставува непосреден сооднос меѓу вредноста на д...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
 
{{викифицирање}}
'''Девизен курс''' ({{lang-en|Exchange rate}})претставува непосреден сооднос меѓу вредноста на домашната [[валута]] и странските валути. Во поширока смисла се има предвид вредносниот сооднос на домашната валута и валутата на која гласат краткорочните побарувања. Следствено, валутниот курс претставува цена на една единица странска валута изразена во домашни пари. Според тоа, секоја странска валута односно краткорочно побарување кое гласи на странска валута, на домашниот пазар претставува девиза и има своја цена т.е девизен курс на домашниот пазар.
 
Националните пароични единици ги извршуваат функциите на пари внатре во рамките на сопствените национални економии. Од тоа следува дека македонскиот денар служи како национлано платежно средство за плаќање во границите на Република Македонија, хрватската куна служи за плаќање во рамките на Република Хрватска, швајцарскиот франк е средство за плаќање во Швајцарија итн. Меѓутоа, секоја земја реализира голем број меѓународни економски трансакции со бројни други земји. При увоз на добра и услуги од САД, не е возможно плаќање во валутата на земјата-увозник, туку неопходно е плаќање во валутата на земјата извозник или во случајот за увоз на добра и услуги од САД, се плаќа во долари, т.е националната валута на САД. За извршување на ваквите трансакции се врши размена на валути на [[девизниот пазар ]] по цената по која што се разменуваат валутите.<ref>Таки Фити – Основи на економијата, 2010</ref>
 
== Девизен курс ==
 
 
==Девизен курс ==
 
=== Дефиниција на девизен курс ===
 
 
Девизниот курс претставува цена по која една валута се разменува за друга или искажаната вредност на една валута со цел за конверзија со и во однос на други валути.<ref>http://economics.about.com/cs/</ref> Кај флуктуирачки девизен курс тоа е тековниот пазарно ориентиран однос на една валута во однос на друга, додека фиксниот девизен курс е закотвен за некој објективен стандард - за златото или поверојатно денес за вредноста на некојс странска единица.
Ред 20 ⟶ 17:
 
=== Фактори кои го детерминираат девизниот курс ===
 
 
Од досегашната анализа не е тешко да се заклучи дека факторите кои ги условуваат промените во извозот и увозот на добра и услуги понеѓу земјите едновремено се и фактори кои детерминираат и промени во понудата и побарувачката на соодветните валути, а со тоа и промени во девизните курсеви.
Ред 34 ⟶ 30:
=== Дефиниција на реален девизен курс ===
 
Реален девизен курс е реалната цена на домашните добра и услуги во однос на странските (дробрадобра и услуги произведени во странство).
 
Номинален девизен курс е цената на домашната валута во однос на странската. Реалниот девизен курс е номиналниот девизен курс корегиран за цените на домашните и странските стоки.
 
Во економијата се користат реалните променливи бидејќи тие претставуваат еден вид сигнали кои ги поттикнуваат потрошувачите и производителите на приспособување на своето днесување во донос на променливите пазарни услови. Според тоа при дефинирањето на реалниот девизен курс треба да се направи разлика помеѓу оние стоки и услуги кои се меѓународно тргувани и оние кои се произведени во земјата и кои не се изложени на меѓународна конкуренција и да се реалниот девизен курс да се сумира како однос меѓу цените во земјата и цените во странство изразени во заедничка валута.
 
Ако со симболот S означиме номиналниот девизен курс (на пример долари за евра), а со P* цената на странските стоки изразени во странска валута ( на пример долар), тогаш домашната цена на странските стоки ќе биде P*/S (изразена во евра). Обратно ако со симболот P ја означиме цената на домашните стоки во домашна валута, тогаш нивната цена во странска валута ќе биде S*P ( во овој случај изразена во долари). Реалниот девизен курс, т.е релативната цена на домшаните стоки во однос на странските е однос помеѓу овие две ценовни нивоа:
 
σ = P /P*/S = SP/P*
 
Се додека ги споредуваме цените на стоките во иста валута дефиницијата не се менува. Реалниот девизен курс може да се смета за својно дефациониран номинален девизен курс, односно курс дефлациониран и со домашните и со странските цени. Како и за номиналниот, и за реалниот девизен курс велиме дека апрецира или депрецира. Се додека цените на домашните и странските стоки остануваат непроменети или се движат во ист размер, номиналните и реалните курсеви истотака се непроменети. Имено, номиналните и реалните девизни курсеви флуктуираат во тандем на краток рок бидејќи на краток рок номиналните девизни курсеви по природа се волатилни, а цените ригидни. Сепак, на долг рок, номиналните и реалните девизни курсеви се движат независно едни од други.
Ред 103 ⟶ 101:
 
=== Нето екстерна позиција на средствата ===
 
 
Меѓународната нето инвестициона позиција представува фундаментална детерминанта на реалниот девизен курс. При се друго еднакво, колку е поголема позитивната вредност на меѓународната инвестициска позиција, толку повеќе ќе апрецира рамнотежниот реален девизен курс. Слично на тоа, рамнотежните реални девизни курсеви на задолжените земји ќе депрецираат, како би генерирале средства за сервисирање на долгот. Ако надворешниот долг се зголеми, кривата на нето екстерната позиција на средствата се поместува надесно, а рамнотежниот реален девизен курс ќе депрецира. За да го задоволи своето буџетско ограничување, земјата која се задолжувала во странство мора да креира суфицити на примарната тековна сметка за да го сервисира својот долг. Производствените ресурси мораат да бидат реалоцирани во секторот на тргувани стоки, а локалната побарувачка мора да биде редуцирана. Депрецијацијата на реалниот девизен курс креира моптивација која води до потребните промени.
Ред 125 ⟶ 122:
 
===== Нафтен фонд на Норвешка =====
 
 
Во кој било поглед Норвешка е богата земја, за што кажува и податокот дека БДП по глава на жител во 2002 изнесуваше 42 000$ според тековниот девизен курс наспорти просекот во Европа кој изнесуваше 22 600$, додека најбогатата земја во Европа -Луксембург имаше 47 200$. Уште повеќе Норвешка имаше акумулирано значителни финансиски средства во текот на годините, кои во 2002 имаше 603 милијарди норвешки круни (73 милијарди евра) или 39,6% од БДП. Поголемиот дел од ова богатство може да се поврзе со богатите наоѓалишта во Северното Море и големото производство на сурова нафта. Со текот на годините, Норвешка има произведено и продадено повеќе од 17 милијарди барели нафта. Министерството за финансии го дава следниот одговор на прашањето за што биле употребени тие пари:
Ред 132 ⟶ 128:
 
Друг пример представува процесот на реструктуирање во Источна и Централна Европа кој започна по распадот на централно-планскиот систем. Во рамките на предходниот режим, акцентот се ставаше на производите на тешката индустрија кои што, иако претставуваат тргувани стоки, всушност ретко се продаваат надвор од Советскиот блок. Истовремено секторот на услуги намерно не беше развиван. Процесот на трансвормација доведе до брз раст на новиот сектор на услуги и до постепено реструктуирање на индустрискиот сектор во правец на производство на тргувани стоки.
 
 
 
== Промени на рамнотежниот девизен курс ==
Ред 150 ⟶ 144:
 
[[Категорија:Монетарна економија]]
 
--[[User:Tinagitova|Tinagitova]] <small>([[User talk:Tinagitova|разговор]])</small> 21:49, 16 мај 2013 (CEST)