Земјотрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
преместено во нова статија
Ред 31:
[[Категорија:Земјотреси]]
[[Категорија:Природни непогоди]]
 
{{Link FA|sk}}
 
[[wa:Tronnmint d' tere]]
 
==== Раседи ====
Раседи во геологијата расед или линијана раседот се подразбира рамнински лом на карпа, што претставува доказ за постоење нa релативно поместување. Големите раседи во Земјината кора сe резултат на поместувања на смолкнување, активните раседни зони се вообичаени локации за појавување на земјотреси. Земјотресите како што е погоре посочено се резултат на енергијата која се ослободува за време на брзо пролизгување вдолж раседот. Најголем пример на раседи се контактните површини на тектонските плочи сепак многу раседи се jавуваат далеку од активните граници на овие плочи. Бидејќи раседите најчесто не се состојат од една јасна линија на ломот , изразот раседна зона се користи за да се опише зоната на комплексни деформации кои јa придруживаат рамнината на ломот. Двете страни на не – вертикален расед се нарекуваат обесен ѕид (hanging wall) и потпорен ѕид (footwall). По дефиниција обесениот ѕид се наоѓа на раседот, а потпорниот ѕид под раседот. Оваа терминологија потекнува од рударството, кога рударот работи во јама тој стои на потпорен ѕид под неговите нозе а ѕидот што е над него се нарекува обесен ѕид. Појавата и однесувањето на раседот , и во случај на мал локален расед и во случај на голема раседна зона која ги определува тектонските плочи, се контролирани од релативното движење на карпите од двете страни на раседот. Поради триењето и крутоста на карпите , карпите неможат едноставно да лизгаат една покрај друга . Во таква ситуација доаѓа до акумулација на напрегања во карпите. Кога вредноста на овие напрегања ја достигне граничната вредност акумулираната потенцијална енегрија се ослободува во облик на дилатации кои се концентрирани на површината на ломот , т.е. појавата на раседот . Дилатациите се и акумулативни и моментални, зависно од реолошките карактеристики на карпата. Дуктилниот подлабок дел од Земјината кора постепено акумулира деформации, додека кртиот површински дел од кората реагира со лом или моментално ослободување на напрегањата со што предизвикува движење вдолж раседот.
 
*Раседот во дуктилни почви исто така може моментално да се ослободи кога прирастот на напрегањата е преголем. Енергијата која се ослободува со моментално ослободување на напрегањата е причина за појава на земјотреси, вообичаен феномен вдолж границите на тектонските плочи. Раседите можат да бидат категоризирани во четири групи во зависност од видот на пролизгувањето.
 
*Нормалниот расед сe јавува кога кората се проширува. Обесениот ѕид од раседот се движи надолу во однос на потпорниот ѕид. Кај обратниот расед за разлика од нормалниот, обесениот ѕид се движи нагоре во однос на потпорниот ѕид.
 
*Обратниот расед е индикација за собирање на кората . Наклонот на обратниот расед е прилично стрмен, поголем од 45°.
 
*Туркачкиот расед (thrust ) има ист начин на движење како обратниот расед само што наклонот е помал од 45°.
 
*Кај избивачкиот расед (strike-slip) површината на раседот обично е скоро вертикална и потпорниот ѕид се движи лево, десно или попречно со мала вертикална компонента. Специјален вид на избивачките раседи се трансформирачки раседи кои се облици на тектоника на плочи поврзани со центри на ширење, такви какви што се средишните раседи на океаните.
 
==== СЕИЗМОМЕТРИ ====