Маркови Кули (Прилеп): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
По смртта на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија. Така, во подножјето на Маркови Кули, се развила населба со разретчена структура, поделена во неколку маала во кои секое имало своја црква. Оваа нова населба од XIV век го добила името Варош, име под кое и ден денес таа постои.
 
==Археолошки наоѓалишта=
Споменичниот археолошки комплекс Маркови Кули претставува утврден град со акропола во која се откриени повеќе градби од станбен и стопански карактер, а во западното и југозападното негово подножје се развила неутврдената средновековна населба Варош. Во повеќе кампањи истражувано е на повеќе пунктови во градот, подградијата, некрополите и сакралните објекти, при што е констатиран континуиран живот од X до крајот на XIV век.Името на средновековниот град Прилеп било пренесено на населбата што подоцна, во турско време, била изградена на оддалеченост од неколку километри од местото каде првобитно лежел градот. Денес, остатоци од некогашниот средновековен град се наоѓаат на локалитетот Маркови Кули и во приградската населба Варош, која всушност води потекло од прилепскиот подград. Средновековниот град бил изграден на едно возвишение што доминира над пределот и што кај населбата Варош се спушта стрмно во полето. Тоа возвишение е составено од многу испокршени и измазнети камени грамади со чудесни облици и бои. Таму каде што природата не ги затворила пристапните места, човекот доградил високи ѕидови и масивни кули и на тој начин направил тешко освоива тврдина. На највисоката точка бил издигнат најутврдениот дел од средновековен Прилеп, горниот град. Под тоа орловско седело, на градските тераси и на други површини биле изградени куќи, цркви, како и други објекти. Најстарите траги од животот на луѓето на просторот на средновековниот Прилеп им припаѓаат на неолитскиот и бронзениот период. На истиот овој простор се пронајдени остатоци од населба од железниот период. Натамошното населување на овие простори може да се следи низ целиот подоцнежен архајски и антички период.