Дебело црево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 63 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q11083 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 68:
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните [[микроорганизми]] се формира [[фецес]]от. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни [[паразит]]и. Тој се отстранува од [[Организам|организмот]] преку [[контракција]]та на [[Мазен мускул|мазните]] и [[Скелетен мускул|напречно-пругавите]] [[мускул]]и со процесот [[дефекација]].
 
==Апсорпција во дебелото црево ==
=== Активна апсорпција на натриум, хлориди и вода ===
 
Слузницата на дебелото црево може активно да апсорбира натриум. Отстранувањето на натриум од луменот на цревото создава силен електричен потенцијал на мембраната, кој предизвикува да од цревото во интерстицијската течност поминат и хлориди и други негативни јони. Заради тој механизам многу малку натриумов хлорид се губи во фецесот. Апсорпцијата на натриум и хлорид предизвикува осмотска апсопција на вода, така да, и малку вода се губи во фецесот. Општо земено, во фецесот заостануваат во најголема мера нетопив калциумов фосфат, но и тој заостанува само во умерена количина. Столицата покажува тенденција да содржи и голема концентрација на бикарбонати, бидејќи доста слабо се апсорбираат големи молекули на бикарбонатни јони низ слузницата; во тоа се разликува од хлоридот кој со леснотија се апсорбира. Неапсорбираниот бикарбонат предизвикува надворешната површина на фекалните маси да биде алкалична, додека во внатрешноста на фецесот заради бактериски активности обично развива киселост.
 
=== Бактериска активност во колонот ===
 
Во деловите од колонот каде се врши апсорпција има многу бактерии, особено B. coli. Тие можат да сварат мала количина на целулоза, па на тој начин да можат да го осигураат нивниот организам со неколку калории дневно. Во човекот тоа е толку малку, па може да се занемари, но во хербиворните животинки тој извор на енергија понекогаш е многу значаен. Витаминот К, витаминот B<sub>12</sub>, тиамин, рибофлавин и различни гасови, кои го формираат, ако не цел, тогаш добар дел од флатусот (прдеж) кој се создава во колонот, а има и други супстанции кои настануваат како последица од бактериска активност. Особено е важен витаминот K, бидејќи количината на тој витамин во конзумираната храна во нормални околности е недостатна за да коагулацијата на крвта се одржува адекватно.
 
=== Состав на фецесот ===
 
Фецесот нормално се состои од околу 75% вода, а преостанатите 25% е груб материјал кој се состои од 30% мртви бактерии, 10 до 20% масти, 10 до 20% аноргански состојки, 2 до 3% белковини од нив околу 30% се несварени груби остатоци на храна или сосушени состојки на сварливи сокови, како што се жолчни пигменти или клеточен дебрис (мртво ткиво). Голема количина на масти доаѓа од неапсорбираната масна киселина од храната или од мастите кои ги создаваат бактериите.
 
Кафената боја на фецесот е заради стеркобилинот и уробилинот кој доаѓа од билирубенот. Смрдеата ја предизвикуваат главно продуктите на бактериската активност; оваа се разликува од човек до човек, а тоа зависи од тоа каква е чија бактериската флора во колонот и од видот на храната која се конзумира. Одориферни продукти за кои станува збор се: индол, скатол, меркаптани и сулфуроводород.
[[Категорија:Дигестивен систем]]