Илија Каров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Проф. д-р Илија Каров''' (роден на 8 јули 1951 година во Долни Полог, Кочани) е про...
(нема разлика)

Преработка од 16:32, 13 мај 2013

Проф. д-р Илија Каров (роден на 8 јули 1951 година во Долни Полог, Кочани) е професор и декан на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип[1]. Основно училиште завршил во Долни Полог, а средното образование во Богданци и во Тетово. Во 1975 година дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се запишал на магистерски студии на Универзитетот во Нови Сад, каде што магистрирал во 1977 година. Докторските студии ги продолжил на истиот факултет, каде што во 1982 година докторирал и се стекнал со диплома доктор по земјоделски науки од областа фитопатологија, микологија. Негови клучни квалификации се:

  • испитување и утврдување на фитопатогени габи како причинители на растителни болести;
  • отпорност на растенијата кон болести;
  • патогенеза на фитопатогени габи;
  • заштита на земјоделското производство од болести и штетници;
  • менаџмент на високообразовни институции.

Од 1976 до 1992 година работи како научен соработник, фитопатолог во Институтот за ориз во Кочани во секторот за фитопатологија, хербологија и фитофармација, каде што ги проучува микозните заболовања кај оризот. Од 1992 до 1994 година работи како директор во „Агроцентар“ во Кочани. Во 1994 година е избран за пратеник во Парламентот на Република Македонија. По завршување на оваа должност, во 1998 повторно се враќа како директор на „Агроцентар“ во Кочани. Од 2000 година па сѐ до 2007 година работи како научен соработник во Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, каде што се занимава со научни истражувања од областа микологија, учествува и во организирање на производството и продажбата на земјоделските производи и семенскиот материјал и претседателствува со Научниот совет на Институтот. Истовремено, две години (20052007 год.) е ангажиран како вонреден професор по предметот Фитопатологија на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје. Во 2007 год. е избран за прв декан на Земјоделскиот факултет при УГД - Штип и редовен професор[2] на прв, втор и трет циклус студии, каде што предава повеќе предмети на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина[3].



Наводи

Надворешни врски