Разлика помеѓу преработките на „Психо“

Додадени 44 бајти ,  пред 7 години
Во чудните случувања во мотелот не може да поверува ниту локалниот шериф Ал Чемберс ([[Џон МекИнтри]]). Тој е убеден дека Норман живее сам, дека мајка му е почината 10 години наназад и дека нема што некој да оди да збори со мајка му на Норман кога таа не постои !?! Но Лила и Сем се поупорни, одат во мотелот на Норман и бараат сместување. Во собата во која претпоставуваат дека била сместена Мерион наоѓаат трага од хартии на кои пишувала лично Мерион. Норман на провокативните прашања на Сем покажува знаци на нервоза, додека истовремено Лила оди во куќата да ја пронајде Норма и поразговара со неа. Додека ја прегледува куќата во подрумот наидува на неуспешно препариран женски лик. Истовремено во подрумот влегува непозната жена и со кујнски нож се обидува да ја масакрира Лила, но за среќа во последен момент наидува Сем и ја спасува Лила. Се доаѓа до констатација дека Норман е таа непозната сенка која извршила масакр над Мерион и Арбогаст преобразувајќи се како жена користејќи гардероба од неговата покојна мајка.
 
Полициската истрага како и психолошката анализа на Др. Фред Ричмонд ([[Сајмон Оукленд]]) покажала дека Норман, по смртта на својот татко откако мајка му пронашла нов партнер, љубоморно ги убил двајцата (ги отрул со [[стрихнин]]), а брзо подоцна мајка му ја извдаил од гробот и се обидел да ја препарира со средствата кои ги користел за своето хоби. Од мочуриштето во близина, полицијата ги извлекува двете возила во кои се масакрираните тела на Мерион и Арбогаст. Во автомобилот на Мерион сеуште ги има 40.000-те долари.
 
== Улоги ==
Анонимен корисник