Ромео и Јулија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tegel (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 217.16.90.107 (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Ред 43:
Дејствието започнува со улична расправија меѓу Монтеките и Капулетите. Доаѓа принцот од [[Верона]] и им вели дека доколку продолжат да го кршат законот ќе бидат казнети со смртна казна. Подоцна, грофот Парис го прашува г-динот Капулети дали ќе му ја даде неговата ќерка за жена, но тој се двоуми бидејќи Јулија има само тринаесет години. Го моли грофот да почека уште две години и го поканува на бал „ под маски ” кој ќе се одржи во неговиот дом. Г-ѓата Капулети и дадилката ја убедуваат Јулија да го прифати додворувањето на грофот Парис. По завршувањето на уличната расправија, Бенволио разговара со неговиот роднина Ромео, синот на г-динот Монтеки, за неговата скорешна депресија. Причината за Ромеовата депресија е невозвратената љубов од девојка по име Розалина, една од внуките на г-динот Капулети. Ромео, наговорен од Бенволио и Меркуцио, оди на балот во домот на Капулетите со надеж дека ќе ја види Розалина. Меѓутоа, на балот Ромео ја запознава Јулија и се вљубува во неа. По завршувањето на балот, настапува таканаречената „ сцена на балконот ”, при што Ромео се прикрадува во дворот на Капулетите и ја гледа Јулија на балконот од каде што му се колне на вечна љубов и покрај омразата која што постои меѓу нивните семејства. Откако ја вади маската Ромео и Јулија одлучуваат да се земат.
Со помош на фратарот Лоренс, којшто се надева дека ќе ги помири двете семејства преку венчавката на нивните деца, Ромео и Јулија тајно се земаат наредниот ден. Роднината на Јулија, Тибалт, навреден од тајното влегување на Ромео во домот на Капулетите, го предизвикува на двобој. Ромео, којшто го смета Тибалта за свој сонародник, одбива да се бори со него. Меркуцио му се лути на Тибалта за неговата дрскост, како и на Ромео за неговото толку лесно предавање,<ref>''Romeo and Juliet'', III.i.72.</ref> и тој самиот во име на Ромео го прифаќа двобојот на Тибалт. Меркуцио е тешко ранет и Ромео, потресен од пријателовата смрт, и бесен на самиот себеси, го убива Тибалта. Принцот го протерува Ромео од Верона поради убиство. Исто така додава дека доколку се врати истиот тој час ќе биде убиен. г-динот Капулети, не земајќи ја предвид болката на Јулија, му дава дозвола на грофот Парис да ја земе за жена, и и се заканува дека доколку одбие ќе се откаже од неа. Јулија ја моли мајка и да го одложи бракот, но таа ја одбива. Ромео тајно влегува во собата на Јулија и таму заедно ја поминуваат ноќта.
Наредниот ден таа го посетува фратарот Лоренс и бара помош од него, тој и дава напивка што ќе предизвика лажна смрт односно Јулија ќе биде во кома наредните два часа и четириесет минути.<ref>''Romeo and Juliet'', IV.i.105.</ref> Фратарот и ветува дека ќе испрати писмо преку кое ќе го извести Ромео за планот, односно тој да биде до неа кога таа ќе се разбуди. Ноќта пред венчавката, Јулија ја испива напивката, и кога ја пронаоѓаат „ мртва ”, ја погребуваат во семејната гробница.
Наредн
Писмото, како и да е, не стигнало до Ромео, и тој дознава за „ смртта ” на Јулија од неговиот слуга Балтазар. Скршен од болка, Ромео купува отров од апотекарот и се упатува накај гробницата на Капулетите. Тука го здогледува Парис кој дошол да ја оплакува Јулија. Воден од мислата дека Ромео е вандал Парис го напаѓа, но сепак на крајот Ромео го убива. Ромео мислејќи дека Јулија е мртва го испива отровот. Тогаш Јулија се буди и здогледувајќи го мртвото тело на Ромео, самата се прободува со неговиот нож. Скараните семејства заедно со принцот се сретнуваат во гробницата, откривајќи дека сите тројца се мртви. Фратарот Лоренс ја прераскажува приказната за двајцата млади љубовници. Смртта на Ромео и Јулија ги помирува двете скарани семејства со што се става и крај на нивната долгогодишна омраза. Трагедијата завршува со принцовата елегија за двајцата љубовници׃ „Не постои потажна приказна од оваа за Ромео и неговата Јулија.”<ref>''Romeo and Juliet'', V.iii.308–9.</ref>
 
== Извори ==