Разлика помеѓу преработките на „Витилиго“

Додадени 170 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
Кај полесните случаи лекарите обично препишуваат кортикостероиди за локална примена кои се ефикасни за отстранување мали дамки.
[[Податотека:Kkfg.jpg|мини|десно|Репигментација]]
Во случаите кога витилигото ќе зафати над 20 проценти од површината на телото, обично се применува лекувањето ПУВА. Тоа се има покажано како успешно најмалку кај половина од сите пациенти заболени од витилиго, бидејќи се обновува пигментацијата на повеќето делови на кожата зафатена со болеста. Научниците се обидуваат да пронајдат други начини на лекување освен терапијата ПУВА, бидејќи таа предизвикува низа придружни појави, како што се оштетувања на црниот дроб, мержа и други нарушувања на видот, фототоксична реакција што предизвикува појава на мали плускавци на кожата и мачнина. Келинтот, материја што се добива од коренот на билката Ammi visnaga се покажа како ефикасна материја а замена. Тој не предизвикува фототоксичност, иако во поголеми количества може да предизвика мачнина, вртоглавица, несоница и зголемување на нивото на ензимите во црниот дроб.
 
Ако дамките прадизвикани од витилигото имаат зафатено напнад половината од површината на телото, доаѓа предвид отстранување на бојата од здравата кожа. Таа постапка се нарекува депигментација. Сепак, пред да се решите на овој чекор, имајте предвид дека до крајот на лекувањето може да поминат месеци и години, а кожата ќе остане неповратно депигментирана. Постапката опфаќа уништување на меланоцитите со лек кој е смеса од монобензон и водород-квинон. Како можни придружни појави се контактен дерматитис, силен јадеж, многу сува кожа, напластување на пигменти во рожницата и побелување на косата.
 
===Алтернативни начини на лекување===
===Лекување дома===
За правилно лекување на витилигото мора да се јавите кај лекар. Единствено што можете да превземете дома е дамките на заболената кожа да ги изложувате на сонце. Притоа внимаајте здравата кожа да ја зажтитите од сонцето. Ултравиолетовото зрачење може да ја засили репигментацијата.
==Користена литература==
 
* Издавачка куќа: '''Mладинска куќа-Скопје'''
:За издавачот: '''Златко Макаровски'''
:Уредник: '''Лавинија Шувака'''
<references/>
== Наводи ==
{{наводи}}
182

уредувања