Разлика помеѓу преработките на „Витилиго“

Одземени 187 бајти ,  пред 7 години
 
Кај полесните случаи лекарите обично препишуваат кортикостероиди за локална примена кои се ефикасни за отстранување мали дамки.
[[Податотека:РепигментацијаKkfg.jpg|мини|десно|Репигментација со ПУВА]]
Во случаите кога витилигото ќе зафати над 20 проценти од површината на телото, обично се применува лекувањето ПУВА. Тоа се има покажано како успешно најмалку кај половина од сите пациенти заболени од витилиго, бидејќи се обновува пигментацијата на повеќето делови на кожата зафатена со болеста. Научниците се обидуваат да пронајдат други начини на лекување освен терапијата ПУВА, бидејќи таа предизвикува низа придружни појави, како што се оштетувања на црниот дроб, мержа и други нарушувања на видот, фототоксична реакција што предизвикува појава на мали плускавци на кожата и мачнина. Келинтот, материја што се добива од коренот на билката Ammi visnaga се покажа како ефикасна материја а замена. Тој не предизвикува фототоксичност, иако во поголеми количества може да предизвика мачнина, вртоглавица, несоница и зголемување на нивото на ензимите во црниот дроб.
 
[[Податотека:Vitigilo22.jpg|мини|лево|1. Нормална кожа; 2. Витилиго; 3. Депигментирана кожа.]]
Ако дамките прадизвикани од витилигото имаат зафатено нап половината од површината на телото, доаѓа предвид отстранување на бојата од здравата кожа. Таа постапка се нарекува депигментација. Сепак, пред да се решите на овој чекор, имајте предвид дека до крајот на лекувањето може да поминат месеци и години, а кожата ќе остане неповратно депигментирана. Постапката опфаќа уништување на меланоцитите со лек кој е смеса од монобензон и водород-квинон. Како можни придружни појави се контактен дерматитис, силен јадеж, многу сува кожа, напластување на пигменти во рожницата и побелување на косата.
 
===Алтернативни начини на лекување===
Хомеопатското лекување можеби е најдоброто решение за болните заболени од витилиго кои сакаат да ги избегнат конвенционалните лекови со силно дејство. Посоветувајте се со хомеопат за начинот на лекувањето.
182

уредувања