Бора Бора: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
=== Прв европски доселеник===
Прв доселеник од Европа бил Џемс Конор ( James Connor ), кој во 1792 година преживеал бродолом на британскиот китоловец Матилда. Тој се оженил со Полинезијка и се населил на најјужнататочка од островот што ја нарекол Матилда Поинт. Денец тоа место е познато под името Матира Поинт. Островот во 1895 година станал дел од Француската Полинезија.
==Современ период==
[[Податотека:Bora-bora.jpg|мини|Современи престои]]
Пистата изградена на Моту Муте, за време на војната, денес е дел од аеродромот од кој туристите со чамци се превезуваат преку лагуната до главното место Ваитапе.
По денот поминат во сончање и уживање во песокот и блескавата вода, тропскиот залез на сонцето на Бора Бора е огнен и краток. По него островот останува во целосен мрак, што го прават уште погуст завивањето на ветерот низ палмините гранки и ударите на брановите во гребените.
===Фимски екипи===
Бора Бора нагло го прифатила западниот начин на живеење, веднаш по првата американска ,, инвазија ‘‘ во 1928/29 година. Тогаш тука дошла филмска екипа што го снимила немиот филм Табу, трагична приказна за ловец на бисери кој ги прекршил законите табу. Тоа била само најава за доаѓањето на Американците кои за време не Втората светска војна го користеле островот како база за морнарицата и аеродормот со 600 војници. Италијанската филмска екипа дошла во Бора Бора во 1979 година за да го сними филмот Ураган, на Дино де Лаурентис, кој е римејк на една мелодрама во 30-тите години.
 
==Писатели што пишувале за Бора Бора==
Американскиот писател Џемс Мичнер ( James Mitchener ), рекол дека тоа е најубавиот остров во свеото и истото послужило за пример во неговата книга Tales of the south Pacific, каде што тој го нарекол Бали Хаи. за него е напишана и песна која се појавува во кјузиклот Sauth Pacific на Роџес ( Rodgers ) и Хамерштајн ( Hammerstein ) од 1949 година.