Рак на усна празнина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
* Ако чувтвувате трајна и необјаснета непријатност во устата или увото. Болката може многу лесно да потекнува од нешто друго, што не е рак, но причината, се разбира, треба да се одреди.
==Причинители==
[[Податотека:772622Beli mouth300drobovi 3.jpg|мини]]
Улогата на алкохолот и тукунот, вклучуваќи го и џвакањето на тутун, во предизвикувањето рак во усната празнина не може доволно да се нагласи. Луѓето кои редовно ги употребуваат двете материи, триесет и пет пати се подложни на заболување од рак во усната празнина од луѓето кои нив не ги користат. Болеста обично го зафаќа ткивото што веќе е надразнето со оштетени непца и расипани заби или навиката да се грицка внатрешната страна на образот. Кај жените намаленото внесување на железо е поврзано со ракот на јазикот. А претераното изложување на сончева светлина предизвикува некои видови рак на усната. Луѓето лекувани од рак на усната празнина кои продолжуваат со пушење и пиење алкохол, веројатно, пак ќе заболат.
==Дијагностички постапки==
Ред 26:
Можеби ќе биде потребно рендгенско снимање или некое друго снимање заради откривање на основниот тумор што во моментот не може да се забележи или одредувањето на степенот на раширеност на постојниот тумор.
==Лекување==
[[Податотека:772622 mouth300.jpg|мини]]
Раните карциноми (стадиум I и стадиум II) на усната празнина и орофаринкс се лекуваат со хирургија или со радиотерапија и изборот на третманот зависи од очекуваните функционални и козметички резултати од лекувањето, и од можноста за експертиза од страна на хирург и радиоонколог за секој поединечен пациент. Присуството на позитивни рабови или длабочина на туморот >5 cm значително го зголемува ризикот за локален рецидив и укажува на можноста за постигнување на поголем успех со примена на комбинација на модалитетите на третман.
Напреднатите карциноми (стадиум III и стадиум IV) на усните и усната празнина претставуваат широк спектар на предизвици за хирургот и радионкологот. Со исклучок на пациентите со мали Т3 лезии и без метастази во регионалните лимфни јазли или далечни метастази, или кај кои нема клинички позитивен лимфен јазол >2 cm, за кои соодветен третман може да биде само хирургијата, или само радиотерапијата, најголемиот број пациенти со тумори со стадиум III или стадиум IV се кандидати за третман со комбинација на хирургија и радиотерапија. Исто така, бидејќи локалните рецидиви и/или далечните метастази се чести кај оваа група пациенти, тие би требало да се вклучуваат во клинички испитувања. Таквите испитувања ја проценуваат потенцијалната улога на модификаторите на зрачењето или комбинацијата на хемотерапијата комбинирана со хирургија и/или радиотерапија.