Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q33941 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
== Доаѓање на власт ==
=== Цезар ===
[[Податотека:Solidus Julian.jpg|thumb|left|250px|[[Солидус (монета)|Солид]] на Јулијан, околу 361 година. Прослава на римската воена моќ.]]
[[351]] година неговиот полубрат Гал бил прогласен за кајсар на истокот. Но тој се покажал неспособен раководител и бил осомничен во предавство кон императорот. Константиј II го повикал кај себе во [[354]] година, а по патот бил убиен. Јулијан исто така бил осомничен и затворен за седум месеци во [[Милано|Медиоланум]], сè додека траела истрагата. По настојување на жената на Константиј II, Еусебија, Јулијан бил ослободен и му било дозволено да се врати во [[Атина]] да го заврши образованието. Константиј II немал деца, а Јулијан останал единствениот жив маж од неговото семејство. На следната година Константиј II го повикал кај себе, му доделил титулата „цезар“ и го прогласил за управител на галските и германските провинциј, коишто тогаш биле ограбувани од германските племиња. Го венчал за својата сестра Елена и го испратил начело на војската во [[Галија]]. На тој начин императорот покажал голема доверба во него. Но имало и сомежи дека тоа го направил со надеж дека младиот и неискусен војсководец ќе загине во жестоката војна. Дури зборувале дека не би го издржал ѕвекот на оружјето (Марцелин).