Базедова болест: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
[[Податотека:Proptosis and lid retraction from Graves' Disease.jpg|мини|Испупчени очи - Егзофталмус]]
Испупчените очни јаболка се симптом на Базедовата болест. Кога ткивото кое ја покрива очната празнина ќе се воспали и отече, очните јаболка се испупчуваат. Ова нарушување се нарекува егзофталмус. Ако капаците неможат да го покријат целото очно јаболко, окото станува суво и надразнето. Долготрајното воспаление може да ги ослабне очните мускули и подвижноста на окото и да доведе до нарушувања на видот.
==Третман==
Сите пациенти треба да се третираат до еутриоидна состојба со антитироидни лекови(може да се почнат во примарната здравствена заштита).Стратегијата за третман се прави од специјалист и може да се состои од:
* Долготрајна антитироидна терапија (12 - 18 месеци)
* Радиојоден третман
* Хирургија
Изборот на третман зависи од големината на тироидната жлезда, поранешна тироидна хирургија, очни симптоми, бременост и доење, возраста на пациентот и од присуство на други тешки заболувања.
Долготрајна антитироидна терапија и третман со радиојод се добра алтернатива кога
тироидната жлезда е мала.
Хируршка интервенција се прави доколку тироидната жлезда е голема (ннд-B).
Третманот со радиојод може да ја влоши очната болест.
Кај хиперактивна (токсична) мултинодуларна жлезда, не може да се очекуваат трајни
резултати од третманот со антитироидни лекови.
Пациент со лесен хипертироидизам и со добра општа состојба може веднаш да почне со радиојод и со бета-блокатори; другите пациенти мораат прво да се доведат до еутироидна состојба со краткотраен антитироиден третман со лекови.
Базедовата болест е самоограничувачка. Кај токсична нодуларна струма, не се очекува резултат од постојан третман.