Гијом Мисо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Гијом Мисо''' ([[француски јазик|француски]]: Guillaume Musso) (роден на [[6 јуни]] [[1974]]) е француски писател.
 
== Кариера ==
 
Роден е во [[франција|францускиот]] град [[Антиб]]. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува новели.
 
Кога го завршил средното образование во [[Франција]], Гијом на 19 години заминува во [[Соединети Американски Држави|САД]]. Престојувал неколку месеци во Њујорк, каде живеел со други странци, заработувајќи така што продавал сладолед. Во Франција се вратил, со многу идеи за пишување на книги. Читателите во неговите книги можат да го забележат влијанието на неговиот престој во [[Соединети Американски Држави|САД]] , заради дејствијата што се одвиваат токму таму.
 
Неговата прва објавена книга е Skidamarink [[2001]], трилер кој започнува со кражба на [[Мона Лиза]] од [[Лувр]].
По тешката сообраќајна несреќа која ја имал, започнува да се интересира за искуствата на луѓето кои биле блиску смртта и по тој повод ја пишува својата следна книга "А потоа" [[2004]], за човек кој се враќа од мртвите. Книгата е продадена во милиони примероци во Франција, а преведена е на 23 јазици.
 
Во [[2009]] година, Гијом Мисо беше втор најпродаван автор во Франција, а [[2011]] беше трет автор по број на продавани книги од [[2008]], одма по Стефани Маер и Харлан Кобен. До сега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.
== Новели ==