Разлика помеѓу преработките на „Род (граматика)“

Додадени 2.345 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
с (додадена Категорија:Граматички род со помош на HotCat)
 
Граматичкиот род е присутен кај најголем број [[индоевропски јазици]] (освен некои, као на пример [[персиски]]от), но и кај најголем број од [[Семитски јазици|семитските]], [[Афроазиски јазици|афроазиските]], [[Дравидски јазици|дравидските]], [[Североисточни кавкаски јазици|североистичните кавкаски]], [[нигер-конгоански јазици|нигер-конгоанските]] и [[Австралиски јазици|австралиските јазици]]. Граматичкиот род е најчесто отсутен кај [[Алтајски јазици|алтајските јазици]], [[Австронезиски јазици|австронезиските]], [[Синотибетски јазици|синотибетските]], [[Уралски јазици|уралските]] и [[Индијански јазици|староседелските американски јазици]].{{sfn|Corbett|1991|p=2}}
 
==Родовиот систем==
 
Именките во јазиците се класифицираат според различни критериуми во поглед на родот. Најчести системи на класификација на именките во јазиците се:
 
* '''именки од машки и женки род''': кај овие јазици има поделба само на именки од машки и женски род. Именките кои природно не се дел од машкиот или женскиот род (познат како среден род) се поделени меѓу овие два рода, по некои навидум природни карактеристики.{{sfn|Franceschina|2005|p=72}}{{sfn|Franceschina|2005|p=78}} Такви јазици се на пример романските јазици, келтските јазици, хиндустанскиот јазик, афроазиските јазици и албанскиот јазик, меѓу другите.
* '''именки од машки, женски и среден род''': кај овие јазици има поделба меѓу именки од машки, женски и среден род. Такви јазици се словенските јазици, латинскиот, германскиот, старогрчкиот и други.
* '''живи и неживи именки''': кај овие јазици именките се поделени меѓу именки кои се живи (луѓе и животни) и именки кои се неживи (предмети). Такви јазици се на пример анадолиските јазици, како и баскискиот јазик.
* '''заеднички и среден род''': кај овие јазици, машкиот и женскиот род претходно постоел, но биле споени во еден, наречен „заеднички род“. Именките поврзано со луѓе се често класифицирани како заеднички. Такви јазици се на пример се данскиот и шведскиот, а во добар дел и холандскиот јазик.
 
==Граматички спроти природен род==