Разлика помеѓу преработките на „Маргарет Тачер“

Нема измена во големината ,  пред 7 години
с
==Трет мандат==
 
Третиот мандат, беше меѓу најамбициозните премиерски мандати на Британската администрација, воопшто. Имаше голем број на реформи : во образовниот систем, реформи во Националниот Здравствен Сервис, се воведе нов даночен систем … Економија цветаше во периодот од 1987-1988. Меѓутоа имаше несогласувања во рамките на владата во врска со политиката на Европскара Заедница. Говорот што го даде во Бругс, во септември 1988, го започна процесот на преод на Конзервативната партија, некогаш про-европски ориентирана, да стане евро-скептична. Тачер учествуваше и во последната фаза на Студената Војна, како зацврствувајќи ја Западната Алијанса против Советите, така и како оладувач на конфликтот кој се случува подоцна во истата делададекада. Советите ја нарекоја Iron Lady поради цврстиот став кој го имаше против нив во говорите кои ги даваше. Во 80тите изјавуваше голема поддршка кон Регановата политика. Но кога Михаил Горбачев стана потенцијален советски лидер, таа го покани во Британија и го декларира како човек со кој може да се води бизнис, иако сѐ уште ненамалувајќи го својот критицизам кон комунизмот. Кога во 1990, по завршувањето на студената војна, и отворањето на источните економии, Франција се обиде да ја заживее идејата за единствена европска валута. Тоа наиде на несогласување во британската влада, и доведе до уште поголеми поделби во врска со европската политика. Заменик министерот, Џефри Хау, поднесе оставка поради, како што наведе тој, политиката на премиерката во врска со европа и особено нејзиното противење на идејата за единствена европска валута. Во партиското гласање што следеше, Тачер го доби мнозинството, но беше информирана дека е потребено второ гласање. Добивајќи ја веста на една конференција во Париз, Тачер веднаш одлучува да продолжи да се бори. Но кога се вратила во Лондон, наишла на противење на колеги од нејзината партија, кои се сомневале дека ке добие четврт мандат. Немајќи друг излез, одлучува да се откажи од премиерската трка. Ја заменува Јон Мајор, кој пак подоцна бил заменет со либералната власт на Тони Блер.
 
== Поврзано ==
Анонимен корисник