Рокселана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 33 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q255809 (translate me)
Ред 30:
== Во харемот како омилена==
 
Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] на палaтата [[Топкапи сарај]] го привлекла вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Постојат многу легенди за тоа како Рокселана го привлекла вниманието. Една од нив раскажува дека во денот кога на султанот му претставиле многу поубави и поскапи од неа робинки, таа се судрила намерно со една танчерка, започнала да се смее и да пее некоја песна. Затоа евнуците чекале знак од султанот - дали да ја подготват одајата за девојката или во спротивно да биде обесена. Султанот сепак бил заинтригиран и зачуден од необично однесување уште истата вечер Рокселана добила подарок марамче, знак дека господарот ќе ја очекува во неговата соба. Подоцна Рокселана го замолила на султанот да ја посетува библиотеката. Султанот бил шокиран но и разрешил. Кога по некое време тој се вратил од поход, Рокселана веќе владеела со неколку јазици.
 
Еден ден, омилената на султан Сулејман, [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар), ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, [[Шехзаде Мустафа]] во градот [[Маниса]] кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно ''хасеки''. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредил да го убијат [[Шехзаде Мустафа]], плашејќи се од бунт, со ова Махидевран султан го изгубила местото во харемот и се преселила во [[Бурса]], препуштајќи и го на Хурем централното место.