Википедија:Викисредба: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
=== Не можат да присуствуваат ===
 
=== АгендаПрисутни ===
Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
*
#{{Корисник|Kiril Simeonovski}}
#{{Корисник|Ehrlich91}}
#{{Корисник|Sazdo}}
 
== Извештај ==
Како по обичај, јас и [[Корисник:Ehrlich91|Тони]] се чекавме пред Железничката станица, од каде што се упативме кон EveryDay. По пат разговаравме за топлото време и неочекувано високите температури на крајот од април, како и за разликите меѓу летните температури во Македонија и во другите земји во Европа. Кога пристигнавме, продолживме со активностите на учениците и студентите, а притоа особено ја пофаливме активноста на професорката и учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје во создавањето на квалитетни статии за различните видови на птици. Во меѓувреме, нѝ се придружи и [[Корисник:Sazdo|Саздо]] и со него разменивме некој збор за активностите на студентите од Економскиот факултет и нивните уредувања на статии од областа на статистиката. Понатаму, разговаравме и за можностите за започнување на некои други проекти и искористувањето на шансите коишто се пружаат за нивно соодветно финансирање. Имено, особено се осврнавме на можноста оваа година да се вклучиме во организација на проектот „Вики ги сака спомениците“ (Wiki Loves Monuments).
 
По завршувањето на темите поврзани со Википедија, отворивме дискусија за некои актуелни теми, како што се проектот „Скопје 2014“, стратегијата на Македонија за привлекување на странски туристи, идејните проекти коишто ќе бидат спроведени во град Скопје и квалитетот на високото образование во Македонија и другите земји во Европа. Јас, исто така, отворив и тема за висината на цените низ европските градови во споредба со Скопје, а потоа Тони се надоврза со цените во градовите низ Германија. Средбата заврши некаде околу 19:30.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 15:19, 3 мај 2013 (CEST)
 
{{Викисредби}}