Илеус: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Илеус == Под илеус се подразбира збир на повеке знаци и појави, при што настанува де...
(нема разлика)

Преработка од 22:13, 2 мај 2013

Илеус

Под илеус се подразбира збир на повеке знаци и појави, при што настанува делумна или целосна непроодност на дигестивниот систем. Прекинување на проодноста на дигестивниот систем најчесто настанува во тенките црева, поради нивниот тесен лумен. Според патолошките промени кои доведуваат до акутен стоп во проодноста на цревата и според тоа како тие дејствуваат, илеусот може да биде: Механички и Паралитичен.

Механички илеус

Механичкиот илеус е почест. Тој настанува поради механички пречки во самото црево или надвор од него. Механичките причини доведуваат до делумно или целосно прекинување на проодноста на цревата. При настанување на на механички илеус може да биде зафатен и мезентериумот на цревото и поради притисок врз него, да се прекине крвната циркулација и инервација на цревата, њто претставува многу потешка форма на илеус. Механичкиот илеус може да биде компресионен, кога однадвор, од зголените органи, се врши притисок врз цревата. Цревата можат да бидат притиснати и од врзувачки прираслици кои настанале како последица на поранешно воспаление на перитонеумот. Покрај врзувачките сраснувања, како најчести причинители на механичкиот илеус се навуаат и:

  • Хернијата - Вовлекувањето на делови од цревата во шуплини на ѕидот од абдоменот се вика кила - hernia
  • Волвулусот(Volvulus) - Претставува свртување на дел од цревото околу неговиот мезентериум. Кај волвулусот се прекинува крвниот довод во цревото и брзо настанува некроза.
  • Инвагинација(invaginatio) - е механички илеус, кога погорниот дел од цревото ќе се повлече во понискиот дел.

Затнувањето на цревото може да настане и од патолошки процеси и во самото црево. Така на прилеп, еден бениген или малиген тумор, растејќи во шуплината на цревото, може да доведе до затнување на цревото. Исто така воспалителните процеси цо ѕидот на цревото можат да доведат до стеснување на луменот. прекин на проодноста може да предизвикаат и стврднати фекалии, клопчиња на глисти и др.

Паралитичен илеус

Овој вид на илеус настанува со парализа на цревата, т.е. престанување на перисталтиката на цревата. Пречката е функционална.Паралитичниот илеус настанува по рефлексен пат или со директно оштетување на нервите во цревата.

Причини за настанување на паралитичен илеус

Најчеста причина е воспаление на перитонеумот. Кај перитонитот бактериските токсини ги оштетуваат нервите и се нарушува нормалната инервација на цревата. Паралитичниот илеус настанува и при трауматизирање на цревата. Поради тоа често се јавува после абдоменални операции. т.н. постоперативен илеус. Паралитичкиот илеус често се надоврзува врз механичкиот илеус. А може и да настане при тромбоза на мезентеријалните артерии.

Последици од илеусот

Настанува силна болка во стомакот. Поради преполетост на цревата со гасови, мевот се надига. Гасовите се исфрлаат надвор, а од друга страна во цревата се зголемува создавањето на гасови од бактериите и од распаѓањето на содржината цо цревата. Се јавува тешко и упорно повраќање.. Смртта настанува поради труења на организмот со ресорбираните токсини во цревата, губење на вода и електолити и од нервните импулси што потекнуваат од проширените, а кои неповолно дејствуваат врз функцијата на другите органи, а во прв ред врз кардиоваскуларниот систем.