Чарлс II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 58 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q122553 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 49:
За време на четириесетите години од XVII-тиот век, кога Чарлс се уште бил млад, неговиот татко ги победил парламентарските и пуританските сили во Англиската граѓанска војна. Чарлс го придружувал неговиот татко во [[Битка на Еџхил|Битката на Еџхил]], и на 14-годишна возраст учествувал во борбите во [[1645]] година, кога бил прогласен за заштитник-командант на англиските сили во [[Вест Кантри]]<ref>Fraser, p.32 and Hutton, pp.6–7</ref>. До пролетта во [[1649]] година, неговиот татко ја губел војната и Чарлс ја напуштил Англија поради страв за неговата безбедност, упатувајќи се прво на островите на [[Сицилија]], потоа во Џерси и на крај во Франција, каде неговата мајка веќе живеела во егзил, а неговиот прв братучед, осумгодишниот Луј XIV, бил крал.<ref>Fraser, pp.38–45 and Miller, Charles II p.6</ref>
 
Во [[1648]] година, за време на [[Втора Англискаанглиска граѓанска војна|Втората Англискаанглиска граѓанска војна]], Чарлс се преселил во [[Хаг]], каде неговата сестра Мери и неговиот зет [[ВилијамВилем II, принц од ОранжОрански|ВилијамВилем II, принцот од ОранжОрански]], можеле да овозможат поцврста помош на ројалистичката цел отколку француските роднини на кралицата.<ref>Fraser, pp.55–56 </ref> Сепак, кралската флота која била под контрола на Чарлс не била во предност и не успеала да стигне до Шкотска навреме за да се спои со кралската енгејџерска армија (анг. Engagers) на војводата од Хамилтон, пред да биде поразена во [[Битка кај Престон|Битката кај Престон]] од страна на парламентарците.<ref>Fraser, pp.57–60</ref>
 
Во Хаг, Чарлс имал кратка афера со Луси Волтер, која подоцна лажно тврдела дека тие тајно се венчале.<ref>Fraser, pp.65–66, 155, Hutton, p.26, and Miller, Charles II p.5</ref> Нејзиниот син, [[Џејмс Крофтс]] (подоцна војвода од Монмут и војвода од Баклеј), бил едно од многуте незаконски деца на Чарлс кои тој подоцна ги признал, и кој бил видна личност во политичкиот живот и општеството во Британија.
Ред 57:
Кога преговорите биле откажани, Чарлс го овластил генералот Монтроуз да пристигне на [[Оркниските Острови]] со мала војска за да им се закани на Шкотите со инвазија, со надеж дека ќе ги принуди на договор каков што тој сака. Монтроуз се плашел дека Чарлс ќе прифати компромис, но сепак избрал да ја нападне континентална Шкотска. Тој бил заробен и погубен. Чарлс неволно ветил дека ќе се придржува кон условите на спогодбата договорена меѓу него и Шкотскиот Парламент во Бреда, и дека ќе ги поддржи [[Свечената Лига и Ковенантот|Свечената Лига и Ковенантот,]] кои имале овлстување за раководењето на Презвитеранската црква низ Британија. При неговото доаѓање во Шкотска на [[23 јуни]], [[1650]] година, Чарлс формално го прифати Ковенантот; неговото напуштање на раководењето на [[Епископска црква|Епископската црква]] иако му донела поддршка во Шкотска, го направила непопуларен во Англија. Чарлс наскоро започнал да ги презира „подмолноста“ и „лицемерството“ на Ковенантите.<ref>Fraser, p.97 and Hutton, p.53</ref> На [[3 септември]], 1650 година, Ковенантите беа поразени во [[Битка кај Данбар|Битката кај Данбар]] од страна на многу помала сила предводена од Оливер Кромвел. Шкотските сили беа поделени во ројалистички енгејџери и презвитерански ковенанти, кои дури и се бореле едни против други. Разочаран од Ковенантите, во октомври истата година, Чарлс се обидел да им побегне и одјавал на север да им се придружи на енгејџерките сили, настан кој станал познат како „Почетокот“, но за два дена презвитеранците успеале да го престигнат и да го фатат.<ref>Fraser, pp.96–97 and Hutton, pp.56–57</ref> Сепак, Шкотите останале најголемата надеж на Чарлс за враќање на монархијата, и тој бил крунисан за крал на Шкотска во [[Скун]] на [[1 јануари]], [[1651]] година. Поради тоа што силите на Кромвел биле закана за позицијата на Чарлс во Шкотска, било одлучено да се нападне Англија. Бидејќи многу Шкоти (вклучувајќи го и лордот Аргил и други водечки Ковенанти) одбивале да учествуваат, а и со само неколку англиски ројалисти кои се придружиле јужно во нападот на Англија, нападот завршил со пораз во Битката кај Ворчестер на 3 септември, 1651 година, по што Чарлс избегнал заробување криејќи се во кралскиот даб во Боскобел Хаус. Во тек на шест недели, едвај избегнувајќи ја опасноста, Чарлс маскирајќи се успеал да избега од Англија. Тој успеал да пристигне во [[Нормандија]] на [[16 октомври]] и покрај наградата од 1000 [[Фунта|фунти]] за неговата глава, ризикот од смрт за секој што ќе бил фатен како му помага и тешкотијата при маскирањето на Чарлс, кој бил невообичаено висок (185 cm).<ref> Fraser, pp.98–128 and Hutton, pp.53–69</ref><ref>Илјада фунти била голема сума во тоа време, поголема од просечните животни добивки на еден работник. (Fraser, p.117).</ref>
 
Кромвел бил назначен за [[лорд протектор]] на Англија, Шкотска и Ирска, успешно поставувајќи ги Британските Острови под воена власт. Осиромашен, Чарлс не можел да добие доволно поддршка за да биде сериозен предизвик на владата на Кромвел. И покрај врските на семејството Стјуарт преку Хенриета Марија и [[Принцеза од Орање|принцезата од ОранжОрање]], Франција и [[Холандската Република]] создале сојуз со владата на Кромвел од [[1654]] година, принудувајќи го Чарлс да и се обрати за помош на [[Шпанија]], која во тоа време владеела со [[Јужна Холандија]]<ref>Hutton, pp.74–112</ref>. Со помош на шпанските пари, Чарлс собрал мала војска од неговите потчинети кои биле во егзил, која се состоела од пет [[пешадиски полк|пешадиски полкови]] како и неколку трупи [[коњаница]]. Оваа сила го формирала јадрото на Британската Армија по обновувањето на монархијата.<ref>Fraser, p. 21</ref>
 
=== Обновување на монархијата ===
Ред 124:
[[Податотека:Charles-pineapple.jpg|thumb|right|250px|На Чарлс му е претставен првиот ананас одгледан во Англија во 1675 година, слика на Хендрик Данкертс]]
 
Сопругата на Чарлс, кралицата Катарина не можела да роди наследник; нејзините четири бремености во [[1662]] година; февруари, 1666 година, мај, [[1668]] година и јуни, [[1669]] година завршиле со [[Абортус|абортуси]] и [[мртвороденче|мртвороденчиња]]. Поради тоа, наследник на Чарлс бил неговиот непопуларен католички брат, Џејмс, војводата од Јорк. Делумно за да ги смири стравувањата на народот дека кралското семејство е премногу католичко, Чарлс се согласил да ја омажи ќерката на Џејмс, Мери, за протестантот Вилијам[[Вилем од ОранжОрански]].<ref>Fraser, pp.347–348 and Hutton, pp.345–346</ref> Во [[1678]] година, Титус Оутс, кој наизменично бил англикански и [[Језуити|језуитски]] свештеник, лажно предупредил за ''Папскиот заговор'' според кој би бил убиен кралот, дури и обвинувајќи ја кралицата за соучесништво. Чарлс не верувал на обвинувањата, но му наредил на неговиот главен министер, лордот Денби, да истражи. Додека лордот Денби се чини дека со право бил скептичен за тврдењата на Оутс, Кавалје парламентот ги сфатил сериозно.<ref>Hutton, pp.359–362</ref> Народот бил опфатен со анти-католичка хистерија<ref>Fraser, p.360 </ref>: судиите и поротите низ земјата ги осудиле наводните заговорници; бројни невини поединци биле погубени.<ref>Fraser, p.375 </ref>
 
Подоцна во [[1678]] година, Долниот Дом го обвинил лордот Денби за велепредавство. Иако голем дел од народот барал војна со католичка Франција, Чарлс тајно преговарал со Луј XIV, обидувајќи се да постигне договор со кој Англија би останала неутрална во замена за пари. Лордот Денби јавно признал дека е непријателски настроен кон Франција, но воздржано се согласил да се придружува кон желбите на Чарлс. За негова несреќа, Долниот Дом не го гледал како неподготвен учесник во скандалот, наместо тоа верувајќи дека тој бил креатор на политиката. За да го спаси лордот Денби од јавно обвинување, Чарлс го разрешил Кавалје парламентот во јануари, [[1679]] година.<ref>Miller, Charles II pp.278, 301–304 </ref>
Ред 138:
Плашејќи се дека Законот за исклучување ќе биде донесен и зацврснат од некои ослободителни пресуди од судењата за заговорите кои биле во тек, за што му се чинело дека народот е понаколнет кон католицизмот, Чарлс решил да го разреши Англискиот парламент по вторпат таа година, во летото, 1679 година. Надежите на Чарлс за поумерен парламент не се исполниле и за неколку месеци тој повторно го разрешил парламентот, откако парламентарците се обиделе да го донесе Законот за исклучување. Кога нов парламент се собрал во Оксфорд во март, [[1681]] година, Чарлс го разрешил по четврти пат за само неколку дена.<ref>Hutton, pp.376–401 and Miller Charles II pp.314–345 </ref> За време на 80-тите години од XVII-тиот век, сепак, популарната поддршка за Законот за исклучување опаднала и Чарлс доживеал пораст на верност низ целата земја. Лордот Шефтсбери бил обвинет за предавство и избегал во Холандија, каде и починал. До крајот на своето владеење, Чарлс владеел без парламент.<ref>Hutton, pp.430–441 </ref>
 
Противењето на Чарлс за Законот за исклучување ги разлутило некои протестанти. Протестантските заговорници го создале заговорот ''Рај Хаус'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''Rye House''), план да се убијат кралот и војводата од Јорк додека се враќале од Лондон, по коњските трки во [[Њумаркет]]. Сепак, голем пожар ја уништил резиденцијата на Чарлс во Њумаркет, по што тој бил принудел да ги напушти трките порано, па така случајно избегнувајќи го планираниот напад. Вестите за пропаднатиот заговор биле обелоденети.<ref>Fraser, p.426 </ref> Протестантските политичари како Артур Капел, 1-виот гроф од Есекс, Алгернон Сидни, лорд Вилијам Расел и војводата од Монмут биле вмешани во заговорот. Лордот Есекс си го пресекол грлото додека бил затворен во Лондонската кула; Сидни и Расел биле погубени за велепредавство со многу слаби докази; а војводата од Монмут избегал во егзил на дворот на ВилијамВилем од ОранжОрански. Лордот Денби и преживеаните католички лордови кои ги држеле во Кулата биле ослободени, а католичкиот брат на кралот, Џејмс, стекнал големо влијание на дворот.<ref>Hutton, pp.420–423 and Miller Charles II pp.366–368 </ref> Титус Оутс бил осуден и затворен за клевета.<ref>Fraser, p.437 </ref>
 
==== Смрт ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чарлс_II