Геном: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q7020 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{генетика-странично}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Genome_gradient.jpg|200px|right|thumb|Сите хромозоми од еден организам го сочинуваат геномот на тој организам.]]
'''Геном''' е поим со кој се означува целосниот збир на наследна информација кај еден организам. Кај оние организми чии тела се изградени од [[Клетка|клетки]], наследната информација постои како [[ДНК]]. Бидејќи постојат две големи групи на организми - [[прокариот]]и и [[еукариоти]] - кои се разликуваат по видот на клетките, организацијата на геномите е многу различна кај овие две групи.
Ред 15:
== Прокариотски геноми ==
[[Податотека:Plasmid (numbers).svg|десно|thumb|Наследен материјал кај бактериите: 1. бактериски хромозом, 2. плазмиди.]]
Прокариотските геноми се состојат од еден хромозом и неколку дополнителни елементи. Хромозомот најчесто е во облик на кружна двоверижна ДНК молекула, но може да биде и линеарна молекула кај некои поголеми групи, како што се ''[[Streptomyces]]'' и ''[[Borrelia]]'' (причинител на болеста [[борелиоза]]). Дополнителни (екстрахромозомски) елементи кои содржат наследен материјал се [[плазмид]]ите (најчесто кружни молекули, со исклучок на [[актиномицети]]те и некои [[протеобактерии]]), како и елементите на [[Инсерциона секвенцаниза|инсерционата секвенцаниза]] (IS), [[транспозон]]ите и [[профаг]]ите (добиени од вирусите). Постојат и некои други разновидности во геометријата на хромозомите: на пример, повеќе кружни хромозоми се најдени кај некои организми. Комбинации од кружни и линерани хромозоми се наоѓаат кај други групи. Постојат дури и бактерии (како ''[[Streptomyces]]'') чии кружни и линеарни хромозоми имаат способност наизменично да се претвораат од кружен во линеарен облик.
 
Најмалиот бактериски хромозом, со само 580 [[Килобазен пар|kbp]] се наоѓа кај ''[[Mycoplasma genitalium]]'', додека најголемиот, со 9.200 kbp, се наоѓа во видот ''[[Myxococcus xanthus]]''. Репрезентативните примероци варираат помеѓу 2.000 и 5.000 kbp (на пример, кај ''[[Escherichia coli]]'' MG1655 има 4.649.221 bp). Еден типичен бактериски [[ген]] содржи приближно илјада базни парови. ''M. genitalium'' има приближно 470 гени, додека ''M. xanthus'' има повеќе од 10.000, а бројот на гени кај ''E. coli'' достигнува до околу 4.288.
 
До [[2002]] година, одредени се [[нуклеотид]]ните секвенцинизи на повеќе од 75 прокариотски хромозоми. Со ова се постигнува запознавање со местоположбата, функцијата и [[Алелна варијација|алелната варијација]] за секој ген.
 
== Еукариотски геноми ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Геном