Симеон Симеонов: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Доц. д-р Симеон Симеонов е продекан<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/mf/za-mf Официјална веб с...
(нема разлика)

Преработка од 13:31, 29 април 2013

Доц. д-р Симеон Симеонов е продекан[1] на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Роден е на 24 октомври 1953 година во Штип. Своето основно образование го завршил во училиштето „Моша Пијаде“ во Кочани, а средното во гимназијата „Гошо Викинтиев“ во Кочани. Дипломските студии на Металопреработувачка насока ги завршил на Машинскиот факултет во Скопје и дипломирал во областа складирање на суровини и репроматеријали. На истиот факултет ги завршил и своите магистерски студии на насоката Машинска технологија, поднасока Автоматизирано производство. Магистрирал со темата „Методика за определување на техноекономска оправданост од примена на нова опрема во машиноградбената индустрија“. Своите докторски студии ги завршил на Машинскиот факултет во Скопје, со темата „Влијание на компонентите на структурата на материјалот за фрикциони облошки врз перформансите на фрикционите спојки за моторно возила“.

Работното искуство го започнал во Фабриката за автомобилски делови „Руен“ во Кочани во 1979 година. Во 1992 година е избран за научен соработник од областа на развој и испитување на спојки' при истражно-развојна единица во „Руен“Кочани.

Својата работа на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја започнал во 2008 година кога е избран за доцент [2]на Машинскиот факултет, во полето машинство.

Во 2009 година е избран за продекан на Машинскиот факултет и сѐ уште е на оваа функција. Освен тоа, доц. д-р Симеон Симеонов е член на Универзитетскиот сенат[3] на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и на научно-наставниот совет на Машинскиот факултет при УГД. Доц. д-р Симеонов е член и на Комисијата за избор на лаборатории на УГД, како и член на Метролошкиот совет при Министерството за економија на РМ.

Наводи

Надворешни врски