Хектор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:Hector brought back to Troy.jpg|thumb|250px|Хектор вратен во [[Троја]]. Од римски саркофаг од околу 180–200г.]]

Во [[грчката митологија]], '''Hectōr''' (''Ἕκτωρ''), или '''Hektōr''', бил тројански принц и најголемиот воин на [[Троја]] во [[Тројанската војна]]. Како првороден син на кралот [[Пријам]] и кралицата [[Хекаба]], потомок на [[Дардан]], кој живеел под планината [[Ида]], како и на [[Трос]], основоположникот на Троја, <ref>''Iliad'' XX.215ff.</ref> тој бил принц од кралската куќа и наследник на тронот на својот татко. Тој бил оженет за [[Андромаха]], со која имал син, Скамандриј (кого Тројанците го викале Астијанакт). Тој бил водач на Тројанците и на нивните сојузници во одбраната на Троја, убивајќи 31 грчки воин. <ref>[[Hyginus]], ''[[Fabulae]]'' 115.</ref> Во европскиот [[Среден век]], Хектор има улога како еден од [[Деветте достоинственици]], забележал [[Жак де Лонжијон]], познат не само по својата храброст туку и по својот благороден и љубезен карактер. [[Хомер]] го прикажува Хектор како мирољубив, грижлив, како и храбар, добар син, сопруг и татко, без скриени намери. Кога Тројанците се расправале дали предзнаците се благонаклонети, тој одговорил: „Еден предзнак е најдобар: одбраната на татковината.“

Ред 6 ⟶ 8:

=== Грчка митологија ===

=== Најголемиот воин од Троја ===

[[File:Hektor wirft Paris seine Weichlichkeit vor (Tischbein).jpg|thumb|''Хектор го предупредува Парис за неговата нерешителност и го убедува да оди во војна.'' од Ј.Х.В. Тишбајн (1751–1828).]]

Според ''[[Илијада]]'', Хектор не ја одобрувал војната меѓу Грците и Тројанците.
Ред 18 ⟶ 24:

Во ''Илијада'', подвизите на Хектор во војната пред настаните во книгата се резимирани. Тој се борел против грчкиот првак [[Протесилај]] на почетокот од војната и го убил. Според пророштвото, првиот Грк кој ќе стапне на тројанска земја ќе умре. Протесилај, [[Ајант]] и Одисеј поради тоа не слегувале на брегот. На крајот, Одисеј го фрлил својот штит и стапнал на него, а Протесилај скокнал после него од својот брод. Во борбата што претстоела, Хектор го убил, исполнувајќи го пророштвото.

[[File:Ajax and Hector exchange gifts.jpg|thumb|left|Ајант и Хектор си разменуваат подароци, 1591).]]

==== Двобој со Ајант ====
Ред 30 ⟶ 38:

Во филмската верзија на [[Троја (филм)|Троја]] од [[2004]] година, Ахил го погубува Хектор по двобојот, додека во ''Илијада'' тоа е поинаку. Хектор останал зад ѕидините, додека неговата војска побегнала во градот. Како што Ахил се приближувал, Хектор не попуштал, се борел и умрел гледајќи кон Троја. Филмската верзија на неговата смрт е слична на борбата меѓу прваците спомената од Ахил во ''Илијада'', книга 9.

[[File:Hector Astyanax MN Jatta.jpg|thumb|Последната посета на Хектор на својата жена [[Андромаха]], и нивниот син [[Астијанакт]], кој е вчудовиден од шлемот на татка си, 370–360 BC).]]

Во десеттата година од војната, забележувајќи дека Парис избегнува војна со [[Менелај]], Хектор го обвинил Парис поради тоа што ѝ донел неволја на целата земја и сега одбива да се бори. Парис поради тоа предложил борба меѓу себе и Менелај, а [[Елена Тројанска|Елена]] да отиде со победникот и со тоа да заврши војната. <ref>''Iliad'' III.</ref> , сепак, довел до нерешавачки крај поради интервенцијата на [[Афродита]] која го одвела Парис надвор од бојното поле. Откако [[Пандар]] го ранил Менелај со стрела, борбата започнала повторно.
Ред 41 ⟶ 51:
Зевс ги мерел на вага судбините на двете војски и судбината на Грците почнала да паѓа. Тројанците ги притиснале Грците кон нивните логори преку каналот и ѕидот и ќе стигнеле и до нивните бродови, ако [[Агамемнон]] лично не ги соберел Грците. Тројанците биле истерани. Паднала ноќта и Хектор решил да го преземе логорот и да ги запали бродовите следниот ден. Тројанците логорувале во бојното поле.

:„Илјада логорски огнови блескаа на рамнината...“ .<ref>''Iliad'' VIII.542ff.</ref>

Следниот ден Агамемнон ги собрал Грците и ги истерал Тројанците

:„како стадо крави полудени од страв кога лав ги напаѓа...“ <ref>''Iliad,'' XI.163ff.</ref>

Хектор се воздржал од битка додека Агамемнон да го напушти бојното поле, ранет со копје во раката. Потоа Хектор ги собрал Тројанците:

:„како некоја бесна бура што ненадејно се нафрла врз морето...“

Диомед и Одисеј го спречиле Хектор, а со тоа им дале малку време на Грците да се повлечат. Но, Тројанците го нападнале ѕидот и почнале да удираат врз него. Грците во логорот се бореле со портите за да обезбедат влез за своите побегнати воини. Тројанците се обидувале да ги соборат бедемите додека Грците пуштале дожд од стрели врз нив. Хектор ја разбил портата со голем камен, ја исчистил портата и ги повикал Тројанците да се качуваат по ѕидот, што тие тоа и го направиле и

:„сѐ беше врева и мешаница.“ <ref>''Iliad'' XII.</ref>

[[File:THAM-Battle at the ships sarcophagus.jpg|thumb|upright=1.5|Битката кај бродовите, на саркофаг од римско време, 225-250 г.]]

Борбата беснеела во логорот. Хектор паднал, погоден од каменот што го фрлил Ајант, но [[Аполон]] слегол од [[Олимп]] и му дал сила на „пастирот на луѓето“, кој наредил напад со кочии, при што Аполон го расчистил патот. По многу битки, смрт, фалби, закани, епитети, стилски фигури, приказни, поезија и книги во ''Илијада'', Хектор го заземал бродот на Протесилај и повикал за оган. Тројанците не можеле да му го донесат, бидејќи Ајант го убивал секој што ќе се обидел. На крајот, Хектор го скршил копјето на Ајант со својот меч, со што го натерал да се предаде и при тоа го запалил бродот. <ref>''Iliad,'' XV end.</ref>
Ред 73 ⟶ 85:

Следниот ден, гневниот Ахил го отфрлил бесот што го држел подалеку од борбата и ги натерал Тројанците да се повлечат назад кон градот. Хектор избрал да остане надвор од портите на Троја и да се соочи со Ахил, делумно бидејќи да го послушал [[Полидамант]] и да се повлечел со своите трупи претходната ноќ, Ахил немало да убие толку многу Тројанци. Сепак, кога го видел Ахил, тој бил преплашен и почнал да бега, а Ахил го бркал три пати околу градот. Хектор потоа го надминал својот страв и се соочил со Ахил. Но [[Атена]], преправена како Хекторовиот брат Дејфоб, го измамила Хектор. Тој побарал од Ахил, победникот да го врати телото на другиот по двобојот, (иако самиот Хектор јасно кажал дека планирал да го фрли телото на Патрокле на кучињата), но Ахил одбил. Ахил го фрлил своето копје кон Хектор, кој го избегнал, но Атена го вратила повторно во рацете на Ахил без Хектор да забележи. Потоа Хектор го фрлил своето копје кон Ахил, кое го погодило неговиот штит, но без корист. Кога Хектор се вратил да се соочи со својот наводен брат за да добие друго копје, видел дека таму нема никој. Во тој момент, тој сфатил дека е осуден на пропаст. Хектор одлучил да продолжи да се бори и дека луѓето ќе зборуваат за неговата храброст во годините што доаѓаат; желбата да постигне вечна чест била една од најжестоките кај војниците кои живееле во [[тимократија|тимократско]] (засновано на чест) општество во тоа време.

[[File:Triumph of Achilles in Corfu Achilleion.jpg|thumb|upright=1.5|left|Победникот АХил dragging го влечи безживотното тело на Хектор пред Портите на [[Троја]].]]

Хектор го извадил својот меч, кое сега било негово единствено оружје, и нападнал. Ахил, кој знаел дека слабата точка на неговиот стар оклоп, кој Хектор сега го носел, е на вратот, замавнал со копјето низ оклопот во грлото на Хектор, но ги промашил гласните жици. Хектор, во неговите последни моменти, го молел Ахил да добие чесен погреб. Сепак, Ахил му возвратил дека ќе ги пушти кучињата и мршојадците да го јадат Хекторовото месо. (Низ [[Химер|Химеровите]] поеми, неколку обраќања се направени кон кучињата, мршојадците и други суштества што ги јадат мртвите. Тоа може да се сфати како друг начин да се каже дека некој ќе умре.) Хектор умрел, пророкувајќи дека Ахиловата смрт ќе дојде набрзо.
Ред 78 ⟶ 92:
По неговата смрт, Ахил ги пресекол петите на Хектор и го провлекол појасот што Ајант му го дал на Хектор низ пресеците на петите. Потоа го заврзал појасот за својата кочија и го влечел паднатиот непријател низ прашината на [[Данајци|данајскиот]] логор. Следните дванаесет дена, Ахил го малтретирал телото, но Аполон и Афродита го заштитиле телото од сите повреди. По овие дванаесет дена, боговите повеќе не можеле да го гледаат малтретирањето и испратиле два гласници: [[Ирида]], божица на гласниците и [[Тетида]], мајката на Ахил. Тетида му рекла на Ахил да му дозволи на кралот Пријам да дојде и да го земе телото заради откуп. Кога кралот Пријам бил известен дека Ахил ќе му дозволи да го побара телото, тој отишол до неговиот трезор за да земе откуп за телото на Хектор. Откупот што кралот Пријам го понудил вклучувал дванаесет убави одежди, дванаесет бели наметки, неколку богато извезени туники, десет плочки жолто злато, посебен златен пехар и неколку котли. Кралот Пријам набрзо отишол да го побара телото и [[Хермес]] му обезбедил безбеден премин фрлајќи магија што правела секој што ќе го погледне да заспие.

{{cquote|Помисли на својот татко и погледни го ова беспомошно лице!
Види го него во мене, исто така беспомошен и стар!
Иако не толку беден:ете, тој ми се покорува,
првиот од мажите во апсолутна мизерија!
Вака приморан да коленичам, вака понижен да ја прифатам
казната и пропаста на моето кралство и племе:;
понижен молител на убиецот на моите деца да го преколнувам,
и да ги бакнувам тие раце иако смрдат со нивната крв!|20px|20px|-Пријам му зборува на Ахил, ''Илијада'', книга XXIV}}

Ахил трогнат од зборовите на Пријам и следејќи ги наредбите од мајка му испратени од Зевс, го вратил телото на Хектор и му ветил на Пријам примирје од дванаесет дена за да им овозможи на Тројанците да ги извршат погребните ритуали за Хектор. Пријам се вратил во Троја со телото на својот син, на кој му биле дадени целосни погребни почести. Дури и Елена го оплакувала Хектор, бидејќи тој секогаш бил љубезен кон неа и ја заштитувал од злоба. Последните стихови од ''Илијада'' се посветени на Хекторовиот [[погреб]]. Хомер завршува обраќајќи се кон Тројанскиот принц како „скротувач на коњите.“ <ref>''[[Bibliotheca (Pseudo-Apollodorus)|Bibliotheca]]'' III, xii, 5-6; ''Epitome'' IV, 2.</ref>
Ред 91 ⟶ 105:

=== Подоцнежни обработки ===

[[File:Jacques-Louis David- Andromache Mourning Hector.JPG|thumb|''Тагата и обвинувањата на Андромаха врз телото на својот маж Хектор'' (1783) од [[Жак-Луј Давид]].]]

==== Литература ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хектор