Задачите на Херакле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
== Задачите на Херакле (Херкулес) ==
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/48/Twelve Labours Altemps Inv8642.jpg|рамка|десно|250x|Римски релјеф (III век) кој прикажува дел од Задачите на Херакле. Од лево кон десно: Немејскиот лав, Лернејската хидра, Еримантскиот вепар, Керинејската срна, Стимфалиските птици, Појасот на Хиполита, Аугејските штали, Критскиот бик и Кобилите на Диомед.]]
 
Дванаесетте задачи на Херакле или '''додекатлон''' ([[грчки]]: ''δωδέκαθλον'', ''dodekathlon'') се серија настани што се однесуваат на [[Покајание|покајанието]] на [[Херкул|Херакле]], најголемиот од сите грчки херои, чие име подоцна било романизирано во Херкулес. Тие подоцна биле поврзани во континуирано раскажување. Воспоставувањето на определен циклус од дванаесет задачи било припишано на [[Грци|Грците]] во еден [[еп]] кој денес е изгубен, а е напишан од [[Пеисандер]] и потекнува од [[600 п.н.е.|600]] г. п. н. е. <ref>According to [[Walter Burkert]].{{citation needed|date=May 2012}}</ref>
Ред 13:
=== Задачите ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b4/P. Oxy. XXII 2331.jpg|рамка|десно|250x|Папирусот на Херакле, дел од ракопис на поема од III-тиот век за Задачите на Херакле.]]
 
Како што опстанале, задачите на Херакле не се раскажани на едно место, туку мора да бидат собрани од многу извори. Рак и Стејплс <ref name="ruck">{{cite book | last = Ruck | first = Carl | coauthors = Danny Staples | year = 1994 | pages = 169 | title = The World of Classical Myth | location = Durham, NC, USA | publisher = Carolina Academic Press}}</ref> тврдат дека не постои еден начин да се толкуваат задачите, туку дека шест од нив биле лоцирани на [[Пелопонез]], кулминирајќи со ново осветување на [[Олимпија (град)|Олимпија]]. Шестте други го одвеле херојот подалеку. Во секој случај, начинот бил ист: Херакле бил испратен да убие или да покори, или пак да му донесе некое магично животно или растение на Евристеј, пратеникот на Хера. „Одбраните места претходно биле тврдини на Хера или на „Божицата“ и биле Влезови во [[Подземјето]]“. <ref name="ruck"/>
Ред 39:
Првата од дванаесетте задачи на Херакле, дадени од неговиот братучед, кралот Евристеј, била да го убие Немејскиот лав.
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/14/Herakles Nemean lion BM B621.jpg|рамка|лево|250x|Херакле и Немејскиот лав. 520 г. - 500 г. п. н. е.]]
 
Според една верзија на митот, Немејскиот лав земал жени како заложнички во своето дувло во една пештера близу [[Немеја]], мамејќи ги воините од градовите во близина да ги спасат дамите во неволја. Откако ќе влезел во пештерата, воинот ќе ја видел жената (обично преправајќи се дека е повредена) и ќе побрзал до неа. Кога ќе бил блиску, жената ќе се претворела во лав и ќе го убиела воинот, јадејќи ги неговите остатоци, а потоа коските му ги давала на [[Хад]].
Ред 51:
=== Втората задача: Лернејската хидра ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c0/Antonio del Pollaiolo - Ercole e l%27Idra e Ercole e Anteo - Google Art Project.jpg|рамка|десно|250x|„Херакле и хидрата“, од Антонио Полајуло.]]
 
Откако го убил Немејскиот лав, Евристеј го испратил Херакле да ја убие хидрата, која Хера ја одгледала за да го убие Херакле. Кога стигнал до мочуриштето близу до езерото [[Лерна]], каде хидрата живеела, Херакле ги покрил устата и носот со платно за да се заштити од отровните гасови. Истрелал огнени стрели во дувлото на хидрата, изворот на [[Амимона]], длабока пештера која се појавила за да ги тероризира соседните села. <ref>Kerenyi, ''The Heroes of the Greeks''(angelo) 1959:144.</ref> Тој потоа се соочил со хидрата со жетварски [[срп]] (според некои рани слики на вазни), [[меч]] или неговиот славен [[боздоган]]. Рак и Стејплс (1994: 170) укажале дека реакцијата на хтонското суштество била ботаничка: откако ќе ги исечел сите глави, дознал дека повторно израстувале по две нови. Израз на безнадежност на таква борба за секој, но не и за херојот. Слабоста на хидрата била таа што само една од нејзините глави била бесмртна.
Ред 61:
=== Третата задача: Керинејската срна ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1c/Herakles hind BM B231.jpg|рамка|десно|250x|Херакле и срната, Атена и Артемида гледаат. 540 г. - 530 г. п. н. е.]]
 
Евристеј и Хера биле многу лути кога дознале дека Херакле успеале да побегне од канџите на Немејскиот лав и од отровните заби на Лернејската хидра, и затоа одлучиле да смислат трета задача која ќе донесе пропаст за херојот. Третата задача не вклучувала убивање на [[Ѕверови|ѕвер]], бидејќи веќе се докажало дека Хекрале ќе ги убие дури и најстрашните соперници. Така Евристеј одлучлил да го натера да ја зароби Керинејската срна, бидејќи била толку брза што би наттрчала и стрела.
Ред 67:
По почетокот на потрагата, Херакле се разбудил од сонот и можел да ја види [[Срна|срната]] од одблесокот на нејзините рогови. Херакле пеш ја бркал срната цела година низ [[Грција]], [[Тракија]], [[Истра]] и земјата на Хиперборејците. Во некои верзии, тој ја заробил срната додека спиела со мрежа за стапици, правејќи таа да куца. Во други верзии, тој ја сретнал [[Артемида]] во нејзиниот храм и таа му рекла да ја остави срната и да му каже на Евристеј што се случило и неговата трета задача ќе се смета за исполнета. Сепак, друга верзија тврди дека Херакле ја фатил во стапица срната со стрела меѓу предните нозе на суштеството.
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d7/AdolfSchmidt Herkules besiegt die goldbekr%C3%B6nte Hirschkuh.jpg|рамка|десно|250x|Херакле и Керинејската срна. Слика од XIX-тиот век на Адолф Шмит.]]
 
Евристеј му ја дал оваа задача на Херакле со надеж дека ќе предизвика лутина кај Артемида кон Херакле за ова сквернавење на нејзиното свето животно. Како што се враќал со срната, Херакле ги сретнал Артемида и нејзиниот брат [[Аполон]]. Тој ја молел божицата за прошка, објаснувајќи дека тој морал да ја фати срната како дел од неговата казна, но ветил дека ќе ја врати. Артемида му простила, расипувајќи го планот на Евристеј за таа да го казни Херакле.
Ред 77:
Четвртата задача на Херакле –според некои сметања, бидејќи нема единствено дефинитивно кажување- била да го зароби [[вепар|вепарот]]. На патот до таму, Херакле го посетил [[Фол]] („дивјакот“), љубезен и гостопримлив кентаур и негов стар пријател. Херакле јадел со него во неговата [[пештера]]-иако кентаурот го јадел своето месо сурово- и побарал [[вино]]. Фол имал само еден бокал со вино, подарок од [[Дионис]] за сите кентаури на планината [[Еримантос]]. Херакле го убедил да го отвори, а мирисот ги привлекол и другите кентаури. Тие не сфатиле дека виното треба да биде разредено со вода, се опиле и нападнале. Херакле стрелал во нив со своите отровни стрели, а кентаурите се повлекле до пештерата на [[Хирон]].
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f6/Herakles Eurystheus boar Louvre F202.jpg|рамка|лево|250x|Херакле му го покажува вепарот на исплашениот Евристеј. Околу 510 г. п. н. е.]]
 
Фол бил љубопитен зошто стрелите предизвикале толку многу смрт и земал една, но ја испуштил и стрелата се забодила во неговото стапало, отрувајќи го. Една верзија вели дека залутана стрела го погодила и Хирон, но Хирон бил бесмртен, иако сепак почувствувал болка. Болката на Хирон била толку голема што тој доброволно сакал да се откаже од својата бесмртност и да го заземе местото на [[Прометеј]], кој бил закован на врвот од планината каде секој ден еден [[орел]] доаѓал и му го јадел [[Црн дроб|црниот дроб]], иако тој бил бесмртен [[титан]]. Мачителот на Прометеј, орелот, го продолжил своето измачување на Хирон, а Херакле го убил со стрела. Општоприфатено е дека приказната требало да го прикаже Херакле како примач на предадената бесмртност на Хирон. Сепак, оваа приказна противречи на фактот дека Хирон подоцна го учел [[Ахил]]. Приказната за кентаурите понекогаш се појавува во други делови на дванаесетте задачи, како и ослободувањето на Прометеј.
Ред 85:
=== Петтата задача: Аугиевите штали ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/99/Mosaico Trabajos H%C3%A9rcules %28M.A.N. Madrid%29 05.jpg|рамка|десно|250x|Херакле ги чисти Аугиевите штали (Мозаик од Хиспанија, 201 г. - 250 г. ).]]
 
Петтата задача на Херакле била да ги исчисти Аугиевите штали. Оваа должност била со намера да биде и понижувачка и невозможна, бидејќи добитокот бил божествено здрав (бесмртен) и поради тоа произведувал огромно количество измет. Овие штали не биле исчистени повеќе од 30 години, а во нив живееле повеќе од 1000 говеда. Сепак, Херакле успеал преку пренасочување на реките [[Алфеј]] и [[Пинеј]] да ја измие нечистотијата.
Ред 97:
=== Шестата задача: Стимфалиските птици ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4a/Mosaico Trabajos H%C3%A9rcules %28M.A.N. Madrid%29 06.jpg|рамка|лево|250x|Херакле и Стимфалиските птици (Мозаик од Хиспанија, 201 г. - 250 г.).]]
 
Откако ги исчистил Аугиевите штали, Евристеј го испратил Херакле да ги победи Стимфалиските птици, човекојадни птици со клунови од бронза и остри метални пердуви кои можеле да ги исфрлат кон своите жртви; тие му биле посветени на [[Арес]], богот на [[Војна|војната]]. Покрај тоа, нивниот [[измет |измет]] бил многу отровен. Тие дошле од езерото [[Стимфалија]] во [[Аркадија]], каде се размножувале брзо и го преземале местото, уништувајќи ги тамошните жетви, овошки и граѓани. Херакле не можел да оди толку далеку во [[мочуриште|мочуриштето]], бидејќи неговата тежина не би издржала. Атена, забележувајќи ја маката на херојот, му дала тропалка која [[Хефест]] ја направил специјално за таа причина. Херакле тропал со неа и ги исплашил птиците во воздухот. Потоа убил многу од нив со своите стрели. Останатите одлетале и никогаш не се вратиле. [[Аргонаути|Аргонаутите]] подоцна се сретнале со нив.
Ред 103:
=== Седмата задача: Критскиот бик ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/30/Herculean effort.jpg|рамка|десно|250x|Херакле во борба со бикот (Бакрорез од Б. Пикарт, 1731 г.).]]
 
Свиркајќи весело поради својот досегашен успех, Херакле бил испратен да го зароби бикот како негова седма задача дадена од Евристеј. Тој отпловил до [[Крит]], при што кралот [[Миној]] му дал дозвола да го однесе бикот и му понудил помош (која Херакле ја одбил од гордост) <ref name="Apollod">''[[Bibliotheca (Pseudo-Apollodorus)|Bibliotheca]]'' 2.5.7</ref> бидејќи опустошувал на Крит корнејќи ги жетвите и рамнејќи ги расадниците. Херакле се прикрадил зад бикот и ги искористил своите раце да го задави (запирајќи пред да го убие), и потоа го истоварил назад во [[Атина]]. Евристеј, кој се скрил во својот питос при првиот поглед на суштеството, сакал да го жртвува бикот на Хера, која го мразела Херакле. Таа го одбила жртвувањето бидејќи ја отсликувала славата на Херакле. Бикот бил пуштен и залутал во [[Маратон]], каде станал познат како Маратонскиот бик. <ref name="Apollod" /> [[Тезеј]] подоцна го жртвувал бикот на Атена и/или Аполон. Евристеј го испратил Херакле да ги донесе човекојадните [[Коњ|кобили]] на [[Диомед]].
Ред 111:
Откако го заробил Критскиот бик, Херакле требало да ги украде кобилите. Во една верзија на приказната, Херакле довел неколку младичи да му помогнат. Тие ги земале кобилите, а Диомед и неговите луѓе ги бркале. Херакле не знаел дека коњите, наречени Подрагос (Брзиот), Лампон (Сјајниот), Ксантос (Рускосиот) и Дејнос (Ужасниот), биле чувани заврзани за бронзени јасли бидејќи биле диви; нивното лудило било припишано на неприродната исхрана со човечко месо. <ref>Horse madness (hippomania) and hippophobia, Yiannis G. Papakostas, Michael D. Daras, Ioannis A. Liappas and Manolis Markianos, History of Psychiatry 2005; 16; 467</ref> Некои верзии велат дека тие испуштале оган кога дишеле. Тие биле човекојадни и нескротливи, а Херакле го оставил својот омилен придружник [[Абдер]] да ги чува додека тој се бори со Диомед, но дознал дека момчето било изедено. Како одмазда, Херакле ги нахранил коњите со телото на Диомед, а потоа ја основал [[Абдера]] веднаш до гробот на момчето.
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/09/BodeMuseumHerkules.jpg|рамка|лево|250x|Херакле и Кобилите на Диомед (теракотен релјеф од Јохан Готфрид Шадов, околу 1790 г.).]]
 
Во друга верзија, Херакле останал буден за Диомед да не му го пресече грлото ноќта и ги пресекол оковите со кои биле заврзани коњите. Откако ги избркал коњите на висорамнината на [[Полуостров|полуостровот]], брзо ископал бразда низ полуостровот која ја исполнил со вода, правејќи [[остров]]. Кога Диомед дошол, Херакле го убил со секира (истата со која ја ископал браздата) и го фрлил телото на коњите за да ги смири.
Ред 118:
=== Деветтата задача: Појасот на Хиполита ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/15/Heracles gets the Belt of Hippolyte%2C Queen of the Amazons.jpg|рамка|десно|250x|Херакле го зема Појасот на Хиполита.]]
 
Ќерката на Евристеј, [[Адмета]], го сакала појасот на Хиполита, подарок за кралицата на [[Амазонки|Амазонките]] од богот на војната, Арес. За да ја задоволи својата ќерка, Евристеј му наредил на Херакле да го донесе појасот како негова деветта задача.
Ред 128:
=== Десеттата задача: Герионовото стадо ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/24/Herakles Geryon Staatliche Antikensammlungen 1379.jpg|рамка|лево|250x|Херакле се бори со Герион (540 г.).]]
 
Во најцелосниот извор во ''Библиотека'' на [[Псевдо-Аполодориј]], <ref>Pseudo-Apollodorus. ''Bibliotheke'', 2.5.10.</ref> од Херакле било побарано да патува до далечниот западно-медитерански остров [[Еритеја]], за да дојде до Герионовото стадо како негова десетта задача. На патот до таму, ја поминал Либијската пустина <ref>''Libya'' was the generic name for [[North Africa]] to the Greeks.</ref> и бил толку фрустриран од жештината што истрелал стрела кон [[Хелиос]], сонцето. Хелиос „од восхит за неговата храброст“ му дал на Херакле златен пехар кој тој го користел за да плови низ морето од запад на исток секоја ноќ. Херакле го искористил за да пристигне до Еритеја, омилен мотив на сликарите на вазни.
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/57/Orthos Staatliche Antikensammlungen 2620.jpg|рамка|десно|250x|Ортер убиен од Херакле за време на десеттата задача.]]
 
Само што пристигнал на Еритеја, Херакле се соочил со двоглавото куче [[Ортер]]. Со еден голем удар од својот боздоган од [[Маслинка|маслиново дрво]], Херакле го убил кучето-чувар. Евритеј, овчарот, дошол да му помогне на Ортер, но Херакле се справил со него на истиот начин.
Ред 144:
=== Единаесеттата задача: Хесперидиевите јаболка ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/96/Mosaico Trabajos H%C3%A9rcules %28M.A.N. Madrid%29 11.jpg|рамка|лево|250x|Херакле ги кради Хесперидиевите јаболка (Мозаик од Хиспанија, III-ти век).]]
 
Откако Херакле ги извршил првите десет задачи, Евристеј му дал уште две велејќи дека не важела ниту хидрата (бидејќи Јолај му помогнал на Херакле) ниту Аугиевите штали (или бидејќи добил плата за работата или бидејќи реките ја завршиле работата). Првата од овие две додатни задачи била да ги украде [[Јаболки|јаболките]] од градината на Хесперидите. Херакле прво го фатил ''старецот од морето'', <ref>Kerenyi, ''The Heroes of the Greeks'', 1959, p.172, identifies him in this context as [[Nereus]]; as a shape-shifter he is often identified as [[Proteus]].</ref> морскиот бог кој ја менува формата, за да дознае каде се наоѓа Градината на Хесперидите. <ref>In some versions of the tale, Hercules was directed to ask [[Prometheus]]. As payment, he freed Prometheus from his daily torture. This tale is more usually found in the position of the [[Erymanthian Boar]], since it is associated with [[Chiron]] choosing to forgo [[immortality]] and taking Prometheus' place.</ref>
Ред 156:
=== Дванаесеттата задача: Кербер ===
 
[[Податотека:Http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/5f/Hercules capturing Cerberus.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/5f/Hercules capturing Cerberus.jpg|рамка|десно|250x|Херакле го заробува Кербер (1545 г.), од Ханс Зебалд Бехам.]]
 
Заробување на Кербер жив, без користење на оружје била последната задача што Евристеј му ја доделил на Херакле, како обештетување за убивањето на сопствените деца кои ги имал со [[Мегара]] откако бил полуден од Хера, а со тоа и најопасната и најтешката задача.