Задачите на Херакле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 71:
Евристеј му ја дал оваа задача на Херакле со надеж дека ќе предизвика лутина кај Артемида кон Херакле за ова сквернавење на нејзиното свето животно. Како што се враќал со срната, Херакле ги сретнал Артемида и нејзиниот брат [[Аполон]]. Тој ја молел божицата за прошка, објаснувајќи дека тој морал да ја фати срната како дел од неговата казна, но ветил дека ќе ја врати. Артемида му простила, расипувајќи го планот на Евристеј за таа да го казни Херакле.
 
Кога му ја однел срната на Евристеј, му било кажано дека таа ќе стане дел од [[менажерија|менажеријата]] (колекција диви животни) на кралот. Херакле знаел дека морал да ја врати срната како што ветил, па се согласил да ја предаде под услов ако Евристеј излезе и самиот ја земе од него. Кралот излегол, но во моментот кога Херакле ја пуштил срната да оди, таа истрчала кај својата господарка, а Херакле му рекол на Евристеј дека не бил доволно брз. Евристеј, вознемирен што Херакле успеал да победи уште едно суштество, му рекол да му го донесе жив страшниот ЕримантскиЕвримантски вепар.
 
=== Четвртата задача: Евримантскиот вепар ===