Медијана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
[[Податотека:Stat-54-img-1.png|мини|Квартили]]
 
Апликацијата на медијаната во статистичко економската анализа, како и останатите средни вредности, е во непосредна врска со нејзините карактеристики како [[мерка на централната тенденција]]. Таа го зазема централното место во серијата, а тоа значи дека на неа не влијаат крајните вредности на [[статистичкиот белег]]. Медијаната, пред се, зависи од бројот и редоследот на вредностите на белегот, па за нејзино определување не е неопходно да се располага со сите вредности ако тие се подредени по големина.
 
Во случаи кога не може да се приберат егзактни [[нумерички вредности]] за сите членови на серијата, но тие лесно се рангираат, можно е да се најде средишниот член и да се измери неговата нумеричка вредност, која тогаш ја претставува целата серија. Со оглед на оваа карактеристика медијаната може да се користи и за предметните (атрибутивните) белези, ако тие се подложени на рангирање. Во тој случај медијана ќе се смета оној модалитет на белегот, чиј редослед на рангот е во средината на серијата.
Меѓутоа, медијаната не може да се определи кога отворениот групен интервал содржи повеќе од половина на сите единици. Такви случаи се ретки, бидејќи за исправно групирање се поставува условот отворениот групен интервал да има што помала [[фреквенција]].
== Медијаната во однос на аритметичката средина ==
Медијаната претставува друга мерка на[[мерка централнанацентрална тенденција]] во однос на аритметичката средина.Во некои ситуации медијаната е подобра мерка на централна тенденција во однос на аритметичката средина.Тоа е така поради тоа што медијаната е помалку сензитивна на екстремно мали и екстремно големи вредности.
Медијаната има некои предности во однос на аритметичката средина . На пример на медијаната не влијаат екстремните вредности, може да се пресметува во основа на било кои податоци, може да се пресмета и за отворени интервали.