Статистичка значајност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
<big><big> СТАТИСТИЧКА ЗНАЧАЈНОСТ</big></big>
 
Статистичка значајност (анг. Statistical significance ) подразбира донесување одлука за тоа дали врската помеѓу две или повеќе варијабли настанала под дејство на експерименталните фактори или е случајна.
Ред 5:
Одлуката дали ќе се прифати или отфрли нултата хипотеза е базирана на контрастот помеѓу добиените резултати и оние резултати кои се очекувани кога нултата хипотеза би била точна. Од наведеното, статистичката значајност е тесно поврзана и неодвоива од статистичкото тестирање на хипотези, односно не можеме да ги претставиме како два одделни процеси.
 
<big><big> ДЕФИНИРАЊЕ НА СТАТИСТИЧКА ЗНАЧАЈНОСТ ПРЕКУ ТЕСТИРАЊЕ НА ХИПОТЕЗИ</big></big>
Истрежувањата кои се спроведуваат на целата основна маса често се скапи и бараат многу време. Затоа често во праксата се користат методи и техники на статистичко заклучување врз основа на податоците од примерокот,од кои се донесуваат заклучоци за основната маса. При таквото заклучување се поставуваат различни претпоставки или [[хипотези]]. Потребно е да се разликуваат научните од статистичките хипотези.
Научните хипотези претставуваат претпоставка, очекување или знаење кое го мотивира истражувачот. Од научните хипотези,односно хипотезата на истражувачот (која е најчесто афирмативна) се изведува статистичката хипотеза.