Прилепска пиварница: Разлика помеѓу преработките

пиварница
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|Прилепска Пиварница - Лого == '''''Приле...
(нема разлика)

Преработка од 19:48, 25 април 2013

Прилепска Пиварница - Лого

Прилепска пиварница

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година, па до денес, Прилепска Пиварница постојано го подобрува квалитетот на своите постоечки производи и создава нови. Заштитен знак на Прилепска Пиварница е висококвалитетното пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сѐ до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница. Прилепска Пиварница произведува и освежителни газирани безалкохолни пијалаци, како што се Газоза и Портокалада. Тука се и овошните нектар-пијалаци од линијата Bloom со 5 различни вкуса: јаболко, портокал, праска, шумско овошје и тропско овошје. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Twist, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Mотивација за постојано усовршување Прилепска Пиварница наоѓа кај крајниот потрошувач, кој секогаш мора да го добива најдоброто и најквалитетното. Тоа е мисијата што ја движи Прилепска Пиварница, а тоа е и начинот со кој ја доби и постојано ја потврдува довербата на потрошувачите.

Историја

Прилепска пиварница е основана 1924 година. Тој период се карактеризира со мануелно производство, кое расте од година во година и на почетокот на Втората светска војна достигнува 8.000 хектолитри пиво годишно. Самиот почеток на Втората светска војна ги продлабочува финансиските тешкотии во кои запаѓа пиварницата и таа престанува да работи. Повторното активирање на погоните се случува во 1952 година за наредната, 1953 година, да се инсталира и парен котел за варење на пивото. Со таа технологија и 40 вработени во пиварницата, во 1966 година производството скокна на 42.000 хектолитри пиво годишно. Во тој период најголемото производство беше на црно и на светло пиво, "Крали Марко", што ферментираше во дрвени буриња, а се пакуваше во стаклени шишиња. Поголема инвестиција во пиварницата беше преземена во 1972 година кога и производството се зголеми на 86.000 хектолитри пиво. Со преземањето на раководството од страна на млади високообразовани кадри, во 1975 година почна и брзиот раст на "Прилепска пиварница" и во наредните 3 години производството скокна на 250.000 хектолитри пиво годишно. "Прилепска пиварница" во 1980 година добива и лиценца за производство на светските брендови Pepsi и Mirinda за да во 1991 година добие и признание за најголема продажба на Pepsi, во апсолутен волумен, во регионот на поранешна Југославија и во Албанија. Во 2000 година го лансира пивото "Златен даб", кое се карактеризира со висок и одличен вкус. Својот асортиман го проширува во 2002 година со добивање лиценца за производство на овошни сокови - нектари Пригат. Во јули 2010 година е извршена замена на лиценцниот бренд на овошни сокови Пригат со сопствен бренд Bloom. "Прилепска пиварница" создаде ново пиво во мај 2011 година - тогаш е лансиран брендот "Мајсторско" со помал процент на алкохол. Во август 2011 година уште еден член на Pepsi Cola International почна да се полни во "Прилепска пиварница" - тоа е безалкохолниот освежителен пијалок Evervess. Денес "Прилепска пиварница" е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија и една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, сѐ уште ги полни лиценцните пијалаци Pepsi, Mirinda, 7 UP, и Evervess, како и овошниот сок Bloom.

Мисија

Мисијата на Прилепска пиварница е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остварува со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.

Производи од прилепска пиварница

Златен даб

Златен Даб е пиво со уникатен, умерено-горчлив вкус, создадено за сите оние што уживаат во

Податотека:Златен даб.jpg
Пиво - Златен даб

животот и што живеат на свој начин и по свои правила. Ова пиво на пазарот беше лансирано во 2000 година и за краток период стана едно од најбараните пива во Македонија и вистинска гордост на Прилепска Пиварница.

Крали Марко

Крали Марко е пиво со традиција, пиво со историја, пиво создадено по традиционален македонски рецепт, со препознатлив вкус кој повеќе од 86 години ги освојува вистинските јунаци и

Податотека:Krali Marko-PivoZaJunaci.jpg
Крали Марко - Пиво за јунаци

најпробирливите љубители на пивото.

Мајсторско пиво

Мајсторско пиво - кога работата ќе премине во уживање, а создаденото дело во ремек дело, тогаш сте завршиле навистина добра работа. Мајсторски добра! Аирлија работа! Ова пиво е сосема нов производ, лансиран во 2011 година, со помош на потполно нова станица за филтрирање.

Пепси

Благодарение на Прилепска Пиварница, во 1980 година во Македонија пристигна ново, поголемо и уште повкусно освежување – Прилепска Пиварница ја доби лиценцата за производство на пијалаците на PepsiCo, кои оттогаш урнаа повеќе рекорди на пазарот на безалкохолни пијалаци.

Блум

Соковите Bloom се повеќе од освежување. Благодарение на витамините што ги содржат, тие го подобруваат вашето здравје и носат пролет во вашиот организам. Соковите Bloom содржат голем процент овошје и при секоја голтка создаваат вистинска овошно-освежителна сензација.

Миринда и 7up

Mirinda и 7UP се едни од најпознатите светски брендови на безалкохолни пијалаци, кои на македонскиот пазар се појавија во 1980 година, кога Прилепска Пиварница ја доби лиценцата за нивно производство. 7UP, Mirinda Orange и Mirinda Lemon се вистинско освежување со уникатен вкус на портокал и лимон.

Евервес

Evervess е преопознатлив освежителен пијалок со вкус на лимон, од PepsiCo компанијата. Идеален за задоволување на жедта без оглед на времето

Газоза

Со незаборавно впечатлива арома на круша и безброј меурчиња што скокоткаат, Газоза е пијалак кој и по толку години успеа да го задржи високиот квалитет и да остане вистинско освежување за сите генерации.

Портокалада

Ако го сакате вкусот на портокал, тогаш Портокалада е вистинскиот безалкохолен пијалак за вас, пијалак, кој го редефинира освежувањето и го подига на сосема ново ниво.

Туборг

Tuborg е едно од најпрефинетите пива на светот. По рецептот на старите мајстори, со негување и надградување на традицијата на производство, Tuborg стана едно од најдобрите пива во светот со едноставен и нежен вкус.

Карлсберг

Carlsberg е синоним за врвно пиво. Тоа е стандард само по себе и квалитет што не може да се имитира. Поради тоа, Carlsberg нуди вкус што никогаш не може да се замени со друг.

Технологија

Софистицираност

За постигнување на конзистентен висок квалитет на производите, "Прилепска пиварница" го држи чекорот со најсовремените светски достигнувања во техниката и технологијата. Во изминатите десетина години, во развојот на технологијата на постојните и нови производи и на целата придружна инфраструктура континуирано инвестираше околу 20.000.000 ЕУР. Инвестициски проекти во последните години

  • 2011 год. - Опрема за филтрација и стабилизација на пиво. Најсовремена, модерна технологија на мембранска, безкиселгурна филтрација на пиво и континуирана in-line стабилизација. Производители: Pall, GEA Westfalia.
  • 2008/2009 год. - Опрема за обработка на вода: филтрација, денитрификација со реверзибилна осмоза и дезинфекција на водата од производител: BERKEFELD.

Опрема за одлежување, матурација и стабилизација на пиво со целосна автоматска контрола и регулација на производствениот процес од производителите ZIEMANN и GEA Tuchenhagen Brewery System.

  • 2007 год - Линија за производство на безалкохолни освежителни пијалоци (Пепси Кола) во PET амбалажа со брзина од 10.000 шишиња на час од производителите KRONES и SIG.
  • 2006 год. - Обновување, проширување и целосна автоматизација на одделението Варилница на пиво (вклучително автоматизиран дотур на суровини) – (ZIEMANN).
  • 2005 год. - Обновување на производствената линија за претпакување пиво во стаклена амбалажа (Filtek, Krones)
  • 2004 год. - Производствена линија за претпакување пиво во PET амбалажа (Fisher, ICS)

Обновување и реконструкција на одделение за производство на пареа

  • 2002/2003 год. - Воведување нова палета производи – овошни сокови-нектари пакувани во стаклена амбалажа (Fisher). Производствена линија за нектари пакувани во картонска амбалажа (purepak) – (ELOPAK)

Квалитет

Комплексните систематски и целосно автоматизирани процеси на производство, употребата на висококвалитетни стандардни суровини, стручната тимска работа, беспрекорната професионална комуникација, постојаната анализа и верификација на процесите и постојаното следење на пазарот се база за конзистентен висок квалитет на производите.

Галерија

Прилепска пиварница

Надворешни врски