Модус: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Модус == '''Модусот''' е мерка на централната тенденција и се дефинира како вредност ...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
== Модус ==
 
'''Модусот''' е мерка на централната тенденција и се дефинира како вредност на [[белег|белегот]] која се појавува најчесто т.е. има најголема [[фреквенција]]. Поради тоа оваа средина се среќава во статистичката литература како фреквенциона, доминантна, мода, модална или типична средна вредност. За разлика од математичките средни вредности кои се пресметуваат врз основа на сите вредности на белегот на серијата, модусот заедно со [[медијана|медијаната]] спаѓаат во вредности на белегот кои имаат посебна положба во серијата и се нарекуваат позициони средни вредности. Поради тоа модусот е доста значаен показател на централната тенденција, бидејќи може да се определи независно од промените во големината на екстремните вредности на белегот и нивните фреквенции. Исто така, модусот, за разлика од математичките средни вредности може да се користи и како мерка на централната тенденција на атрибутивните серии. Така, на пример, ако помеѓу дипломираните студенти кои бараат работа најголем дел се студенти со диплома од економски факултет, тогаш економската диплома се смета за модус на белегот вид на диплома.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Модус