Азија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
OGROMNI pecatni greshki !!!!!
Ред 82:
Огромниот број луѓе во Азија се претставници на голем број народи. Типични примери се: Индија со околу 280 народи, Кина со над 50, Русија со околу 30 итн. Голем дел од народите на Азија имаат свои посебни јазици, меѓутоа, според бројот на населението што ги зборува, најзастапени се: кинескиот јазик, бенгалскиот, арапскиот, малајскиот, виетнамскиот, турскиот. Голема групација опфаќа населението во Јужна Азија, поточно на Индискиот Потконтинент, каде што се зборува на хинду јазикот. Од другите јазици во Азија поголеми групации на население зборуваат: јапонски во Јапонија, корејски во Јужна и Северна Кореја и турски во Турција.
 
== Култура и обичаниобичаи ==
Големата територијална разновидност на Азија и многубројното население разместено низ разни природно карактеристилни теротирии условиле да се развијат голем број култури и обичаи. Од древните периоди се познати повеќе култури и цивилизации. Такви се: асираската, месопотамската, персиската, индиската, кинеската, јапонската, монглоската и др. Денес културите на народите во Азија се различни. Голем дел од нив се потпираат на традициите од минатото, на начинот на живеење и на религиозните законитости. Материјаланата култура и достигнувањата во земјите на Азија најсоодветно се гледа преку цивилизациските откритија(пронаоѓањето на хартијата, печатарската техника, создавањето на барутот, свилата и порцеланот и др. Во Кина, а потоа во Индија, се удрени темелите на математиката и на механиката, мерењето на површината и времето, проучувањето на природата, на животот на растенијата и на животните, достигнувањата во архитектурата итн. Општо се познати светските кулутрно-историски градви, како, кинескиот ѕид во Кина, Мавзолејот Таџ Махал во Индија, хиндуистичкиот храм Ангкор Ват во Камбоџа и др. Меѓутоа, познати се и современи архитектонски градби скоро во сите градови на Азија, особено во јапонија, Хонг Конг, Сингапур, Малезија итн. Духовната култура се согледува во многубројните достигнувања во науката, културата и обичаите. Традиционалните облици на кулутрно изразување се гледаат преку верските обичаи, како на пример, целосно покривање на лицето кај жените во муслиманскиот свет, нејадење свинско месо, масовните посети и молитви во светите места, особено церемониите во светите градови. Такви се: Ерусалим - и за муслиманите и за христијаните, светите места Мека и Медина во Саудиска Арабија и др. Шаховската игра е пронајдена во Индија. Народите на Азија се одликуваат со карактеристични уметнички вредности, како што се танцувањето, музиката и др. Од Источна и од Југоисточна Азија потекнуваат карактеристичните боречки спортови, самурајски обичаи, сумо-борби итн. Во централните делови на Азија, во степските предели е карактеристичен нормадскиот и полунормадскиот живот, со многубројни елементи својствени само за ова население. Во Индија е познат кастинскиот начин на живеење, каде што населението е поделено во различни касти што вообичаено не се мешаат едни со други.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Азија