Корен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
 
Градбата на коренот е пред се условена од основната улога кој тој ја врши во растението, апсорпција на вода и минерални материи. Ако се направи напречен пресек во зоната на диференцирање ( зоната на коренови влакненца) на примарно изградениот корен ќе можеме да констатираме дека ткивата се делат на надворешни и внатрешни.
Надворешни се ризодермис и ткивата на примарната кора. Ризодермисот е покривно ткиво, кое врши пред се заштитна функицјафункција и се создава како резултат на активноста на дерматогенот. Под ризодермисот се наоѓаат ткива на примарна кора кои потекнуваат од основното творно ткиво периблем. Првиот слој на примарна кора се вика егзодермис кој е изграден од еден или неколку редови густо збиени клетки без меѓуклеточни простори. Егзодермисот се создава како заштитно ткиво кое по изумирањето на ризодермисот врши заштитна функција. Масата на примарната кора ја дава паренхимското ткиво наречено паренхим на примарната кора и се наоѓа под егзодермисот. Ова ткиво има големи меѓуклеточни простори и најчесто врши функција за складирање на материи, претставува резервен паренхим. Кај водните растенија паренхимот на примарната кора е всушност аеренхим, односно воздухоносен паренхим. Последното ткиво на примарната кора на коренот претставува ендодермисот. Клетките на ендодермисот се цврсто поврзани меѓу себе, карактеристични по своето специфично задебелување наречено каспариев појас. Овие клетки се групирани во еден ред.
Под ендодермисот се наоѓаат ткивата на централниот цилиндар којшто се образуваат од плеромот на врвниот коренов меристем. Централниот цилиндар е составен од перицикл и паренхимско ткиво. Перициклот претставува примарно странично меристемско ткиво, кое има значајна улога во формирањето на страничните корење, но и во создавањето на секундарните меристемски ткива камбиум и фелоген. Под перициклот се наоѓа паренхимско ткиво, во кое се поставени спроводните снопчиња радијално подредени. Кај монокотилетодоните растенија во срцевината на централниот цилиндар, односно во средината се наоѓа паренхимско ткиво.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Корен