Отвори го главното мени

Промени

Одземени 4 бајти ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
|image_skyline =Amsterdam Collage.png
|imagesize =280px
|image_caption =Од горе надесно: поглед на центарот на градот, Вонделов парк, [[КралскаКралски палатадворец (Амстердам)|КралскаКралски палатадворец]], стадионот „[[Амстердам Арена|Амстердам АренA]]“, реплика на бродот „Амстердам“, [[канали во Амстердам|Приненграхт и Лејдсеграхт]] и [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]]
|image_flag =Flag of Amsterdam.svg
|flag_size =120px
Амстердам има богата архитектонска историја. Најстарата градба во Амстердам е Старата Црква која се наоѓа во срцето на Валлен и која била осветена во 1306 година. Најстарата градба изработена од дрво е het Houten Huys во Begijnhov. Таа била изградена околу 1425 година и е една од вкупно 2-те останати дрвени куќи. Таа исто така претставува еден од примерите за Готската архитектура во Амстердам.
Во текот на 16-от век, дрвените куќи биле срушени и нив ги замениле куќите изработени од цигли. За време на овој период многу градби се изработувале во стилот на Ренесансата. Градбите од овој период се препознатливи по нивната фасада со кука на предниот дел што е белег на Холандскиот ренесансен стил. За многу кратко време , градот Амстердам развил свој ренесансен стил во архитектурата. Овие градби биле градени по принципите на архитектот Хендрик де Кејзер. Еден од највпечатливите објекти проектирани од страна на Кејзер е Западната Црква. Во 17-от век барокната архитектура станала многу позната, а позната била и насекаде во Европа. Тоа приближно се совпаднало со Златната Ера на градот Амстердам. Најпознати архитекти од времето на барокот биле Јакоб ван Кампен, Филип Вингбонс, Данил Сталперт.
Во почетокот на 20-от век архитектот на т.н. „Амстердамска школа“, Филип Вигбонс проектирал прекрасни куќи за трговците. Најпознатата градба во барокен стил во Амстердам, како што е [[КралскаКралски палатадворец (Амстердам)|КралскатаКралски палатадворец]] која се наоѓа на главниот плоштад Дам. Во текот на 18-от век, Амстердам бил под силно влијание на француската култура, што е отсликано во архитектурата од тој период. Околу 1815 година, архитектите престанале да го практикуваат барокниот стил и почнале да проектираат градби од нов тип. Повеќето градби од тој период се со готска архитектура, па затоа се зборува дека тие се градени во нов-готски стил. На крајот на 19-от век познат станал Новиот стил или Art Noveau, па токму затоа голем број градби биле изградени токму во овој стил. Бидејки градот се ширел многу брзо за време на овој период , новите градби во центарот на градот биле градени во истиот стил. Новите куќи во близина на Плоштадот на музеите во стариот јужен дел претставуваат примери за Новиот Стил. Арт Деко бил стил кој бил познат во градбите во Амстердам пред појавата на стилот на новата ера. Амстердам имал своја верзија на овој стил во архитектурата кој бил позната како Amsterdamse School. Биле градени цели области во овој стил. Таква област е Rivierenbuurt. Забележлива карактеристика на градбите од Амстердамската Школа е дека нивните фасади имале многу раскошни декорации и врати и прозорци со чудна форма.
Стариот центар на градот претставува фокусна точка на сите архитектонски стилови пред крајот на 19-от век. Градби од Новиот Стил и стилот Георгиан главно може да се видат во населбите од почетокот на 20-от век кои се наоѓаат надвор од центарот на градот, иако има и впечатливи примери кои се наоѓаат во центарот на градот. Повеќето историски градби во центарот на градот се куќи, како што се куќите на познатите трговци кои се наредени по должината на каналите.