Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 77:
Името Амстердам е изведено од Amstelerdamme, што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година.
Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2thinknow во индексот на градови со најдобри иновации.
Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]] (''Rijksmuseum''), [[Музеј на Ван Гог|Музејот на Ван Гог]], куќата на [[Ана Франк]], музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјеподрачјето на црвени фенери, , како и бројните кафетерии каде се консумира [[канабис]], годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана. Градоначалникот Eberhard van der Laan се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.
 
Ред 94:
Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од Октомври до Март.
Изглед на градот и архитектура
Амстердам започнува да се шири од Централната Железничка станица. Главната улица се вика Дамрак и таа води кон улицата Рокин. Најстарата област на градот се вика де Валлен. Таа се наоѓа источно од улицата Дамрак и во неа се наоѓа познатата „[[областподрачје на црвенитецрвени фенери]]“. Јужно од оваа област се наоѓа стар еврејски кварт- Waterlooplein. Каналите на Амстердам кои потекнуваат од 17-от век го обвиткуваат центарот на градот каде куќите на нивната предна страна имаат куки. Од другата страна на каналите се наоѓаат поранешните работнички квартови Јордаан и Пијп. Областа каде се наоѓаат најголемите музеи- Вонделпарк е парк од 19-от век кој е именуван по познатиот холандски писател Јоост ван ден Вондел, а тука се наоѓа и населбата Плантаге и зоолошката градина на градот Амстердам.
Неколку делови од градот и нивната околина се составени од полдери. Тоа е препознатливо по суфиксот мер, што всушност значи езеро во имињата на Аалсеер, Бииџмемер, Хаарлемер и Ватерграфсмер.
 
Ред 137:
 
== Туризам ==
Де ВалленВален, најголематанајголемаото областподрачје на црвени фенери во Амстердам претставува голема туристичка атракција.
Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, која годишно има повеќе од 4,63 милиони интернационални туристи , без притоа да бидат пресметани повеќе од 16 милиони дневни посетители на Амстердам на годишно ниво. Бројот на посетители се повеќе се зголемува изминатава декада. Тоа може да се припише на се поголемиот број Европски посетители. Две третини од хотелите се наоѓаат во центарот на градот. Хотелите со 4 и 5 ѕвездички зафаќаат 42% од вкупните места за преноќување, како и 41 процент од пренокилиштата за една ноќ. Во 2006 година искористени биле 78% од капацитетот на сместување , додека во 2005 година биле исполнети 70% од капацитетите.
Поголемиот дел од туристите (74%) се од Европа. Најголемиот дел од туристите кои не потекнуваат од Европа се Американци (околу 14% од туристите). Во одредени години се организираат тематски манифестации со цел да се привлечат дополнителен број на туристи. На пример во 2006 година беше прогласена за година на „Рембрант 400“ со цел да се прослави 400 годишнината од раѓањето на Рембрант. За тој период некои хотели нудат посебни аранжмани на активности. Бројот на гости кои престојуваат во некој од 4-те кампови околу градот изнесува од 12 до 65,000 гости.