Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 77:
Името Амстердам е изведено од Amstelerdamme, што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година.
Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2thinknow во индексот на градови со најдобри иновации.
Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]] (Rijksmuseum), [[ВанМузеј Гоговна Ван музејГог|музејотМузејот на Ван Гог]], куќата на [[Ана Франк]], музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачје, , како и бројните кафетерии каде се консумира [[канабис]], годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана. Градоначалникот Eberhard van der Laan се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.
 
== Историја ==
 
Првите евидентирани податоци за употребата на името ,,Амстердам’’„Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 Октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Floris V. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката Амстел. До 1327-ма година името преминало во Амстердам. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, Ротердам и Утрехт. Во Октомври 2008-ма година, историчарот Chris de Bont изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на 10-от век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејки можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.
Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306-та година. Од 14-от век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од Ханзеатската лига[[Ханза]]та. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за аџилак се до прифаќањето на Протестанстската вера. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека- the Stille„Стиле OmgangОмганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на аџилакот.
Во 16-от век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот Кралкрал [[Филип вториII (Шпанија)|Филип II]] и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на Протестантите од страна на шпанските Инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на лидеротводачот на холандската буна – William theВилем SilentТивкиот. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел , како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од Шпанија, нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направија Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат.
 
== Географија ==
Ред 94:
Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од Октомври до Март.
Изглед на градот и архитектура
Амстердам започнува да се шири од Централната Железничка станица. Главната улица се вика Дамрак и таа води кон улицата Рокин. Најстарата област на градот се вика де Валлен. Таа се наоѓа источно од улицата Дамрак и во неа се наоѓа познатата ,,„[[област на црвените фенери’’ (red light district)фенери]]“. Јужно од оваа област се наоѓа стар еврејски кварт- Waterlooplein. Каналите на Амстердам кои потекнуваат од 17-от век го обвиткуваат центарот на градот каде куќите на нивната предна страна имаат куки. Од другата страна на каналите се наоѓаат поранешните работнички квартови Јордаан и Пијп. Областа каде се наоѓаат најголемите музеи- Вонделпарк е парк од 19-от век кој е именуван по познатиот холандски писател Јоост ван ден Вондел, а тука се наоѓа и населбата Плантаге и зоолошката градина на градот Амстердам.
Неколку делови од градот и нивната околина се составени од полдери. Тоа е препознатливо по суфиксот мер, што всушност значи езеро во имињата на Аалсеер, Бииџмемер, Хаарлемер и Ватерграфсмер.
 
== Канали ==
Системот на канали во Амстердам е резултат на совесно урбано планирање. Во почетокот на 17-от век, кога имиграцијата ја достигнала својата кулминација бил усвоен сеопфатен план, кој се базирал на 4 канали во форма на концентрични полукругови чии краеви се поврзувале кај заливот IJ. Познати како Грахтенгордел, 3 од каналите служеле за општа употреба и развој, Херенграхт- Канал на лордовите, Каизерсграхт- Канал на кралот, Принцесграхт- канал на принцот. Четвртиот канал познат како Зингелсграхт не е споменат на повеќето од мапите, бидејки тоа име е име кое се употребува за сите надворешни канали. Зингелсграхт не треба да се помеша со најстариот канал кој се наоѓа во центарот на градот –Зингел. Каналите се употребувале за одбрана, транспорт и управување со водата). Одбраната се одвивала на тој начин што каналите имале форма на ровови и имало мостови на премините преку каналите, но немало поголеми градежни објекти. Изворните планови се изгубени , па историчарите како Ед Таверне мораат да шпекулираат за првобитните намери- ,,Се„Се смета дека нивната цел била практична, а не украсна,,украсна„
Изградбата започнала во 1613-та година во правец од запад кон исток, по целата ширина, во вид на огромен брисач, како што го нарекува историчарот Геерт Мак, а не од центарот нанадвор како што кажува познатиот мит. Изградбата на каналот во јужниот дел била завршена во 1656 година. Процесот на изградба на живеалишта се одвивал бавно. Источниот дел од каналот, кој требал да ги покрива териториите меѓу реката Амстел и заливот IJ никогаш не е изграден. Во времето што следувало, овој дел бил искористен за изградба на старечки домови, тетри, други знаменитости и паркови.
Со текот на времето, од неколку канали се направени улици и плоштади.
Ред 110:
Амстердам има богата архитектонска историја. Најстарата градба во Амстердам е Старата Црква која се наоѓа во срцето на Валлен и која била осветена во 1306 година. Најстарата градба изработена од дрво е het Houten Huys во Begijnhov. Таа била изградена околу 1425 година и е една од вкупно 2-те останати дрвени куќи. Таа исто така претставува еден од примерите за Готската архитектура во Амстердам.
Во текот на 16-от век, дрвените куќи биле срушени и нив ги замениле куќите изработени од цигли. За време на овој период многу градби се изработувале во стилот на Ренесансата. Градбите од овој период се препознатливи по нивната фасада со кука на предниот дел што е белег на Холандскиот ренесансен стил. За многу кратко време , градот Амстердам развил свој ренесансен стил во архитектурата. Овие градби биле градени по принципите на архитектот Хендрик де Кејзер. Еден од највпечатливите објекти проектирани од страна на Кејзер е Западната Црква. Во 17-от век барокната архитектура станала многу позната, а позната била и насекаде во Европа. Тоа приближно се совпаднало со Златната Ера на градот Амстердам. Најпознати архитекти од времето на барокот биле Јакоб ван Кампен, Филип Вингбонс, Данил Сталперт.
Во почетокот на 20-от век архитектот на ,,Амстердамскатат.н. Школа’’„Амстердамска школа“, Филип Вигбонс проектирал прекрасни куќи за трговците. Најпознатата градба во барокен стил во Амстердам, како што е [[Кралска палата (Амстердам)|Кралската палата]] која се наоѓа на главниот плоштад Дам. Во текот на 18-от век, Амстердам бил под силно влијание на француската култура, што е отсликано во архитектурата од тој период. Околу 1815 година, архитектите престанале да го практикуваат барокниот стил и почнале да проектираат градби од нов тип. Повеќето градби од тој период се со готска архитектура, па затоа се зборува дека тие се градени во нов-готски стил. На крајот на 19-от век познат станал Новиот стил или Art Noveau, па токму затоа голем број градби биле изградени токму во овој стил. Бидејки градот се ширел многу брзо за време на овој период , новите градби во центарот на градот биле градени во истиот стил. Новите куќи во близина на Плоштадот на музеите во стариот јужен дел претставуваат примери за Новиот Стил. Арт Деко бил стил кој бил познат во градбите во Амстердам пред појавата на стилот на новата ера. Амстердам имал своја верзија на овој стил во архитектурата кој бил позната како Amsterdamse School. Биле градени цели области во овој стил. Таква област е Rivierenbuurt. Забележлива карактеристика на градбите од Амстердамската Школа е дека нивните фасади имале многу раскошни декорации и врати и прозорци со чудна форма.
Стариот центар на градот претставува фокусна точка на сите архитектонски стилови пред крајот на 19-от век. Градби од Новиот Стил и стилот Георгиан главно може да се видат во населбите од почетокот на 20-от век кои се наоѓаат надвор од центарот на градот, иако има и впечатливи примери кои се наоѓаат во центарот на градот. Повеќето историски градби во центарот на градот се куќи, како што се куќите на познатите трговци кои се наредени по должината на каналите.
 
Ред 127:
 
== Симболи ==
Грбот на Амстердам е составен од неколку историски елементи. Во средината на грбот се наоѓаат 3 крстови на Св. Андреј кои се поредени вертикално. Овие 3 крстови може исто така да се видат и на ознаките на населбите Амстелвеен и Оудер –Амстел. Тој дел од грбот на Амстердам се наоѓа и на знамето на градот Амстердам, кое е избрано од страна на градските власти , но и на цивилните бродови кои се регистрирани во Амстердам. Вториот симбол е Австриската кралска круна. Во 1489 година, како знак на благодарност за помошта и заемите кои ги добил, Максимилијан први му дозволил на Амстердам да ја употреби кралската круна на грбот на градот. Во 1508 година таа била заменета со круната на Максимилијан, откако тој бил крунисан како Светиот Романски Император. На почетокот од 17 век, круната на Максимилијан која се наоѓала на грбот на Амстердам била повторно променета, овој пат со круната на императорот Рудолф 2, која станала царска круна на Австрија. Лавот потекнува од 16-от век, кога градот и областа станале дел од ,,Република„Република на седум обединети Холандии’’Холандии“. Последно е усвоено официјалното мото на градот- херојски, одлучни, милосливи, кое кралицата Вилхелма му го подарила на градот во 1947 година за да ја награди храброста на градот во Втората Светска војна.
 
== Економија ==
Ред 139:
Де Валлен, најголемата област на црвени фенери во Амстердам претставува голема туристичка атракција.
Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, која годишно има повеќе од 4,63 милиони интернационални туристи , без притоа да бидат пресметани повеќе од 16 милиони дневни посетители на Амстердам на годишно ниво. Бројот на посетители се повеќе се зголемува изминатава декада. Тоа може да се припише на се поголемиот број Европски посетители. Две третини од хотелите се наоѓаат во центарот на градот. Хотелите со 4 и 5 ѕвездички зафаќаат 42% од вкупните места за преноќување, како и 41 процент од пренокилиштата за една ноќ. Во 2006 година искористени биле 78% од капацитетот на сместување , додека во 2005 година биле исполнети 70% од капацитетите.
Поголемиот дел од туристите (74%) се од Европа. Најголемиот дел од туристите кои не потекнуваат од Европа се Американци (околу 14% од туристите). Во одредени години се организираат тематски манифестации со цел да се привлечат дополнителен број на туристи. На пример во 2006 година беше прогласена за година на ,,Рембрант„Рембрант 400’’400“ со цел да се прослави 400 годишнината од раѓањето на Рембрант. За тој период некои хотели нудат посебни аранжмани на активности. Бројот на гости кои престојуваат во некој од 4-те кампови околу градот изнесува од 12 до 65,000 гости.
 
Де Валлен или уште позната како Walletjes и Rosse Buurt, е одредена област во која проституцијата е легализирана и воедно е најголема и најпозната red light district во Амстердам. Оваа населба со текот на времето станала една од најпознатите туристички атракции. Таа се состои од мрежа на улици кои се мегусебно поврзани и на кои има неколку стотини мали еднособни станови кои се изнајмуваат од сексуални работнички кои нудат сексуални услуги на тој начин што седат пред стаклениот излог на просторијата која најчесто е осветлена со црвено светло.
Ред 152:
== Демографија ==
Амстердам има 783,364 жители. На 1 јануари 2011 година , етничкиот состав во Амстердам изнесувал 49,7% холандско население и 50, 3% странци. Во 16-от и 17 от век имигрантите биле Фламанци, Сепарди Евреи, Вестфалијанци и Huguenots. Huguenot-ите дошле по декретот на Фонтаинблау, во 1685 година, додека Фламанските протестанти дошле за време на осумдесетгодишната војна. Вестфалијанците дошле во Амстердам највеќе од економски причини , а нивниот прилив продолжил и во 18-от и 19-от век. Пред почетокот на Втората Светска војна 10% од населението било Еврејско.
Првата масовна имиграција во 20-от век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските Источни Инди во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на Суринами, голем број Суринамејци дошле во Амстердам и се сместиле во Биијлмер областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од ,,старите,,„старите„ Холанѓани се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд , поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите de Pijp и the Jordaan кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните стамбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам,од кои 50% се деца.
Најголемата религиска група е христијанската (17% во 2000 година), кои се делат на Римокатолици и Протестанти.
Следната религија по број е Илсамот (14% во 2000-та година), чии поголем дел од следбениците се сунити.
Ред 161:
Во втората половина на 17-от век , во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и Триесетгодишната војна. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина [[јидиш]]ки локални зборови .
Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Jodenbreestraat. Ова маало го сочинуваат и Waterlooplein и Nieuwmarkt. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна , а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.
Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој ,,манастир,,„манастир„. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архереи и притоа го посетиле градот , каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сеуште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град Хаарлем.
Во последно време , верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од Суринами го вовеле Евангелскиот протестанизам и лутеранството, хиндуизмот е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега исламот е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од Гана и нигерија создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бејлмер каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример Будизамот, конфучијанизмот и хиндуизмот.
И покрај изреката ,,Живеј„Живеј и остави да живеат,,живеат„ која ги сумира Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на Втората Светска Војна во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот.
Имигрантите денес сочинуваат околу 50% од населението во Амстердам.
Жители по потеклото
Ред 202:
== Музеи ==
Најважните музеи во Амстердам се наоѓаат наплоштадот на музеите, лоциран југозападно од музејот Rijksmuseum. Тој бил изграден во последната четвртиона на 19-от век врз темелите на поранешниот светски саем. Североисточниот дел од плоштадот е ограден со прилично големиот Rijksmuseum. Пред Rijksmuseum на самиот плоштад се наоѓа долго правоаголно езеро. Истото е претворено во лизгалиште во зимскиот период. Северозападниот дел од плоштадот се граничи со Van Gogh Museum, Stedelijk Museum, House of Bols Cocktail & Genever Experience и Coster Diamonds. Југозападната граница на плоштадот на музеите е Van Baerlestraat, што е главната сообраќајница во овој дел од Амстердам. Од другата страна на улицата се наоѓа Concertgebouw. На југозапад од плоштадот има повеќе големи куќи и супермаркет. Het Museumplein е покриена со трева , со исклучок на североисточниот дел кој е покриен со шљунак. Моменталниот изглед на плоштадот е добиен во 1999 година , кога плоштадот беше обновен. Плоштадот сам по себе е една од најистакнатите места во Амстердам и е познат по одржување на фестивали и концерти на отворено особено во лето. Во 2008 година се направени планови за повторно обновување на плоштадот , бидејки поголемиот дел од граѓаните не се задоволни од неговиот изглед.
Rijksmuseum-от ја поседува најголемата и најважната збирка на дела од класичната холандска уметност. Тој бил отворен во 1885 година. Неговата збирка се состои од скоро милион предмети. Најповрзан со Амстердам е уметникот Рембрант, чие дело и делото на неговите ученици е изложено во овој музеј. Ремек делото на рембрант ,, Ноќната Стража’’Стража“ е едно од врвните уметнички парчиња во овој музеј. Во него исто така има слики од уметници како Van der Helst, Vermeer, Frans Hals, Ferdinand Bol, Albert Cuyp, Jacob van Ruisdael и Paulus Potter. Освен слики во музејот има и голема колекција на декоративни уметности. Тоа може да бидат од тапети до стаклени куќи за кукли од 17 от век. Архитект на зградата со готски стил е P.J.H. Cuypers. Во моментов музејот се проширува , реновира и замислена е изградба на нов главен влез во музејот. Само едно крило на музејот е отворено за јавноста во моментов а изложена е селекција од ремек-дела. Музејот ке биде потполно отворен за јавноста во 2012 или 2013 година.
Ван гог живеел во Амстердам еден краток период па затоа во негова чест е отворен музеј за неговото дело. Музејот е сместен во една он новите модерни згради во оваа област на Амстердам. Зградата е дизајнирана од Gerrit Rietveld. Во оваа зграда е изложена постојана колекција. Во 1999 година е додадено ново крило на музејот. Оваа зграда позната под името крило за изведби е дизајнирана од јапонскиот архитект Kisho Kurokawa. Во неа се одржуваат привремени изложби.
Некои од најпознатите слики на Ван Гог како Јадачите на Компири и Сончогледи се наоѓаат во колекцијата на музејот. Музејот на Ван Гог е најпосетениот музеј во Амстердам.
Ред 266:
*[http://www.meertens.knaw.nl/bedevaart/bol/plaats/30 Amsterdam as place of pilgrimage (Miracle of the Holy Sacrament) ]
 
[[Категорија:Амстердам| ]]
[[Категорија:Градови во Холандија]]
[[Категорија:Главни градови во Европа]]
[[Категорија:Северна Холандија]]
 
{{Link GA|da}}