Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 168 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q727 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 158:
Во 17-от век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија, Хугуенотс од Франција и Протестанти од јужните делови на Холандија. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603-та година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога. Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност .
Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси. Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сеуште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугуенотите броеле околу 20 проценти од жителите на Амстердам во 1700-та година. Бидејки биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква , иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сеуште држат проповеди на француски јазик.
Во втората половина на 17-от век , во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и Триесетгодишната војна. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина Јидишки [[јидиш]]ки локални зборови .
Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи префериралепретпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Jodenbreestraat. Ова маало го сочинуваат и Waterlooplein и Nieuwmarkt. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна , а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.
Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој ,,манастир,,. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архереи и притоа го посетиле градот , каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сеуште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град Хаарлем.
Во последно време , верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од Суринами го вовеле Евангелскиот протестанизам и лутеранството, хиндуизмот е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега исламот е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од Гана и нигерија создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бејлмер каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример Будизамот, конфучијанизмот и хиндуизмот.