Јордан Поп Јорданов - Орцето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
мак-никулец
StanProg (разговор | придонеси)
врска
Ред 1:
'''Јордан Поп Јорданов - Орцето''' (познат и само под прекарот '''Орце''') ([[Велес]], [[1881]] – [[17 април]] [[1903]]) е македонски револуционер - [[Анархизам|анархист]], член на илегалниот терористички кружок [[Гемиџии]] кој кон крајот на април [[1903]] година ги извршил познатите [[Солунски атентати]] врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.
 
Роден е во [[Велес]], како помлад брат на македонскиот револуционер [[Миле Поп Јорданов]]. Се школува во родниот град и [[Солунска бугарска машка гимназија|Солунската егзархискабугарска машка гимназија]]. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во [[Софија]] од каде се префрлува во [[Солун]].
 
Спаѓа меѓу првите членови на кружокот - [[Гемиџии]], а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со С.Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во [[Солун]] и настојува да ја реализира. Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на [[Владимир Пингов]]. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена. На [[29 април]] [[1903]] тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“. Загинува херојски на [[30 април]] [[1903]] во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.