Димитар Папрадишки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:dapapradiski.jpg|thumb|right|220px250px|Димитар Андонов Папрадишки]]
'''Димитар Андонов Папрадишки''' ([[1859]] - [[4 јануари]] [[1954]]) е последниот македонски [[зограф]], а воедно и првиот [[Република Македонија|македонски]] профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното [[сликарство]] во земјата. Познат е и како [[историско сликарство|историски сликар]] и [[портретура|портретист]].
 
Ред 8:
 
==Рано творештво==
[[Слика:Freska-Prapradiski.jpg|thumb|right|250px350px|Фреска од Папрадишки во Св. Јоаким Осоговски]]
Неговиот ран и долг творечки пат бил длабоко проткаен и обележан со неизвесната и трагична судбина на Македонија. Задоен со револуционерните идеи за ослободување на Македонија, подоцна како истомисленик и соработник на [[Гоце Делчев]] кого го запознавал во 1896 год во [[Штипско Ново Село]], каде обајцата биле ангажирани професионално: едниот како уметник другиот како учител, тој повеќепати бил прогонуван и затваран. Веќе во 1878 година бил окован во затворот во [[Дојран]] каде бил наклеветен од страна на гркоманите за неговата просветителска активност да не се употребува грчкиот, на сметка на словенскиот јазик кај македонското население. Во 1905/1906 година за своите револуционерни активности Андонов заедно со други видни штипјани бил осуден со доживотна пресуда и затворен во [[Куршумли-ан]] во [[Скопје]]. Благодарејќи на интеренцијата на австрискиот конзул, по 9 месеци бил ослободен. Во 1913 година тој повторно бил затворен но овој пат од страна на српската власт во [[Велес]] а потоа бил префрлен во затворот на [[Косовска-Митровица]]. По поделбата на Македонија со [[Букурештки мировен договор|Букурешкиот мировен договор]] тој бил пуштен на слобода.
 
Ред 14:
 
==Подоцнежно творештво==
[[Слика:Samarjanin-Papradiski (1943).jpg|thumb|right|250px350px|''Самарјанин'', 1943]]
Димитар Андонов Папрадишки со своето творештво се издвојува како [[уметник]] кој во последните две децении на 19 век започнува полека, но трајно да влијае на ликовните текови во Македонија. Иако академски докрај неоформен, Андонов со ширината на својот дух ги прифатил во себе придобивките на новото време. Со школувањето во [[Киев]], посетата на [[Москва]], работата во [[Софија]], потоа во [[Србија]] и влијанието на [[Света гора]], преку контактите со искусните зографи и ерминиите, Андонов со сето стекнато искуство израснал во автентичен сликар со [[модернизам|модернистички]] тенденции. Влијанието на уметниците како што е [[Петар Николов]] со кого работел на фреско-живописувањето на црквата "[[Св. Јоаким Осоговски]]" (1885 и 1887) и [[Станислав Доспевски]] од Самоков - Бугарија, подоцна и од српското и војводинското црковно сликарство, придонеле да се произнесе како уметник кој тежнеел да го осовремени ликовниот ракопис кој се практикувал на крајот од 19 век во Македонија. Црковното сликарство, со кое природно започнала неговата уметничка кариера, на кое му останал верен речиси до крајот на својот творечки пат, не се плашел да го отргне од зададените стеги на доцновизнатиската уметност. Веќе во 1881-1883 година Андонов работи на осликување на живописот во црквата "[[Св. Атанасие]]" во с. [[Теово]], каде можат да се воочат почетните напори да создаде своја "автохтона експресија". Работата со зографот [[Петар Николов]] на живописување на црквата "Св Јоаким Осоговски" (1885 и 1887) за него е корисно искуство, каде можел да го осознае традиционалниот зографски стил. Неговите тежненија за "оплеменување" на ликовите или внесување на иконографски новини (импресии од [[Русија]]), сепак биле контролирани од авторитетот на постарите зографи со кој Андонов работел на осликување на живописни ансамбли (црквата "[[Св. Димитрија]]" во [[Крива Паланка]] - 1887 година; црквата "[[Св. Пантелејмон]]" во с. [[Пантелеј]] - 1888/1889 г.).