Разлика помеѓу преработките на „Шведски јазик“

Додадени 2.626 бајти ,  пред 7 години
 
Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото ривалство меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во 19 и 20 век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат [[дијалектен континум]] на еден (скандинавски) јазик.<ref name="crystal">{{Harvnb|Crystal|loc=''Scandinavian''}}</ref>
 
==Географска распространетост==
 
Шведскиот е национален јазик на Шведска и мајчин јазик на околу 8 милиони [[Швеѓани]] во Шведска, и втор јазик на уште милион имигранти во државата. Според податоците од 2007 година, околу 5.5% од вкупното население на Шведска зборуваат на шведски.<ref name="StatsFinland">[http://www.stat.fi/tup/suoluk/suoluk_vaesto_en.html#structure Population structure]. [[Statistics Finland]] (2007-03-29). Retrieved on 2007-11-27.</ref> Бројот на луѓе кои зборуваат шведски во Финска се намалува во последните 400 години.<ref>[http://finland.fi/public/default.aspx?contentid=160058&contentlan=2&culture=en-US Main outlines of Finnish History – thisisFINLAND].</ref> Швеѓаните во Финска се сконцентрирани на финското крајбрежје и на финските острови, меѓу кои и [[Оланд]], каде е единствен официјален јазик.<ref>[http://www.kommunerna.net/k_perussivu.asp?path=255;264;522;49450;30127 Svensk- och tvåspråkiga kommuner]. kommunerna.net (February 2007). Retrieved on 2007-12-03.</ref>
 
== Статус==
Шведскиот е официјално главен јазик во Шведска.<ref>{{cite web|url=http://www.sprakforsvaret.se/sf/fileadmin/PDF/spraklagen_200509.pdf|title=Språklagen|date=2009-07-01|work=Språkförsvaret|language=Swedish|accessdate=2009-07-15}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.thelocal.se/20404/20090701/|title=Swedish becomes official 'main language'|last=Landes|first=David|date=2009-07-01|work=The Local|publisher=thelocal.se|accessdate=2009-07-15}}</ref> Јазикот долго време се употребувал во локалната и државна власт, како и во образованието, но сè уште тој не е прогласен со закон како официјален јазик во државата.
 
Шведскиот е официјален јазик во Оланд во Финска. Јазикот е исто така официјален на целата територија на Финска, покрај финскиот. Шведскиот е исто така официјален јазик во Европската Унија и работен јазик во Нордискиот совет.
 
==Дијалекти==