Разлика помеѓу преработките на „Шведски јазик“

Додадени 1.565 бајти ,  пред 7 години
 
Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото ривалство меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во 19 и 20 век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат [[дијалектен континум]] на еден (скандинавски) јазик.<ref name="crystal">{{Harvnb|Crystal|loc=''Scandinavian''}}</ref>
 
==Правопис ==
{{Main|Шведска азбука}}
 
:[[A]], [[B]], [[C]], [[D]], [[E]], [[F]], [[G]], [[H]], [[I]], [[J]], [[K]], [[L]], [[M]], [[N]], [[O]], [[P]], [[Q]], [[R]], [[S]], [[T]], [[U]], [[V]], [[W]], [[X]], [[Y]], [[Z]], [[Å]], [[Ä]], [[Ö]]
 
Шведската азбука има 29 букви, од кои 26 се стандардни латинични букви, а три се со наредни знаци: ''[[Å|Å''/''å]]'', ''[[Ä|Ä''/''ä]]'', и ''[[Ö|Ö''/''ö]]''. Овие букви биле создадени во 16 век. До 2006 година буквата ''w'' се сметала за варијанта на ''v'', која се користи само за странски зборови и имиња. Во јазикот понекогаш се корости и буквата e со надреден знак ([[é]]) за означување на акцентот кај некои зборови. Покрај неа, во јазикот се користи и буквата a со надреден знак ([[à]]). Германската ''[[ü]]'' се смета за варијанта на ''[[y]]'' и понекогаш се пишува кај некои странски имиња. Невообичаено е за шведскиот да се заменуваат буквите со надредни знаци со останати букви, каква што е праксата во германскиот да се пишува ''oe'' наместо ''ö'' на пример.
 
==Наводи==